10:21 - 2 април, 2026

Шварценегер донираше 3 милиони за децата на кои им е скратен оброкот поради коронавирусот (ВИДЕО)

Американскиот актер Арнолд Шварценегер (72) во соработка со друштвената платформа „TikTok“ донираше 3 милиони долари за децата на кои им е скратен оброкот откако се затворија училиштата во Америка поради коронавирусот.

„Поради кризата од коронавирусот ги пративме децата дома, па наместо училишна програма мислевме дека би било супер доколку можеме да им пружиме храна на тие семејства. Секако, можете да ги имате најдобрите идеи на светот, но доколку немате пари, немате ништо“, започна тој.

„Па затоа, „TikTok“ дојде и ми рече дека ние сме тие кои ќе донираат милиони долари помош за прехрана на семејствата“, рече Арнолд во видео снимка која ја објави на Инстаграм.

Непрофитабилната организација „After-School All-Stars“ се заблагодари на великодушната донација поради која ќе може да испорачува храна и подарок-купони на семејствата на кои тоа им е потребно.

Потегот на поранешниот калифорниски гувернер беше воодушевување од страна на неговите обожаватели.

Слични објави

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо
Се вчитува....