14:11 - 10 ноември, 2026

Шварценегер во пикантен документарец: „Му нанесов болка на моето семејство, и со тоа морам да живеам“

Актерот, политичар и боди билдер Арнолд Шварценегер (75) наскоро ќе го објави документарниот филм „Арнолд“ во кој зборува за своите успеси, но и за тешките моменти.

– Мислам дека завршија одлична работа, потрошив 30-40 часа на интервјуа, имаше тешки моменти, моменти за кои не сакаме да зборуваме, но тоа е документарец, мора да се зборува и за тешки моменти, инаку не е автентичен. Луѓето треба да ја знаат вистината – изјави Арнолд.

– Отсекогаш сум бил искрен, сум имал и успеси и неуспеси – додаде тој.

Шварценегер имал тешко детство, растејќи со татко насилник кој имал ПТСН и ги загубил мајка му и брат му.

Актерот проговори и за аферата во која во 2011 година го доби својот син Џозеф Баен (25) со домашната помошничка, а потоа и за разводот со Марија Шрајвер (67).

– Луѓето ќе ги паметат моите успеси, но и моите неуспеси. Тоа беше тежок период за мојот брак, но и за врската со моите деца. Му нанесов многу болка на моето семејство и со неа ќе морам да живеам до крајот на животот – изјави тој.

Арнолд раскажа и колку е напорна работата на гувернер.

-Кога бев гувернер работев по цел ден и ноќ, немав многу време за семејството бидејќи ветив дека ќе му служам на народот. Кога ќе дојдев дома, ме потсетуваа дека семејството треба да биде на прво место. Па јас бев во дилема, 40 милиони Калифорнијци или моето семејство. Како да се избалансира тоа? Не помина баш најдобро, ќерките ме обвинуваа за пропуштање на настапи, тренинзи и родителски средби – рече тој.

Глумецот успеа да го поправи односот со децата (во бракот со Марија доби 4 деца), а денес ужива и во друштво на бројни домашни миленици.

 

 

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....