15.8 C
Скопје
20:48 - 30 септември, 2026

Сопругата на Кевин Костнер му ја испразнила и картичката, го втурнала во долг од 100.000 долари: Со негови пари плаќала адвокати за разводот!

Кевин Костнер упати сериозни обвинувања против неговата сега отуѓена сопруга, Кристин Баумгартнер, тврдејќи дека таа ја активирала и испразнила неговата кредитна акртичка, па уште и со неа влегла во голем долг (секако на негово име) за да ги финансира нивните тековни постапки за развод.

Во судските документи објавени од новинарите на британски Page Six, 68-годишната ѕвезда од „Танц со волците“ тврди дека 49-годишната дизајнерка потрошила неверојатни 95.000 долари од неговата кредитна картичка без негово претходно знаење, а парите ги трошела на адвокати и сметководители.

Костнер тврди дека дејствијата на Баумгартнер се директно кршење на нивниот предбрачен договор, кој таа наводно сака да го објави јавно.

Актерот од „Телохранител“, чиешто пријавено нето богатство изнесува 250 милиони долари, е загрижен за потенцијалната „непоправлива штета“ што произлегува од објавувањето на неговите финансиски информации, вклучувајќи ризици од измамници, провалници и несакано медиумско внимание.

Не само што Баумгартнер ги користела неговите пари без согласност, туку Костнер се бори и со прашањето да ја натера да ја ослободи. односно напушти, нивната богата резиденција од 145 милиони долари во Карпинтерија, Калифорнија. Според документите, Кевин тврди дека и покрај нивниот долгогодишен предбрачен договор, Баумгартнер одбива да ја напушти куќата. Договорот предвидува рок од 30 дена за неа да најде алтернативно сместување и вклучува одредба да и се обезбеди имот од 1,2 милиони долари, кој веќе ѝ е обезбеден од актерската ѕвезда, но таа бара повеќ од имот.

Баумгартнер покрена постапка за развод во мај по 18 години брак, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина. Наводно, таа побарала заедничко старателство над нивните три деца, Кејден (15), Хејс (14) и Грејс (12), додека се откажала од секое барање за издршка од брачен другар поради предбрачните услови.

Извор близок до парот откри дека Костнер бил изненаден од разводот, сметајќи дека разделбата е разочарувачка бидејќи тој сè уште има љубов кон Баумгартнер и, особено, кон нивните деца. И покрај гласините за неверство поради скандалот со изневерување на Костнер во минатото, инсајдерот повтори дека немало такво случување и тоа не е причината за разводот.

 

Слични објави

(Фото+видео) Таа е единствената Србинка која присуствуваше на Ем-ти-ви наградите: Рамо до рамо со Мадона

Еспресо

Објавени жестоките закани на Ана Николиќ: На колешка ѝ порача дека ќе ја ишиша, на друга дека ќе ѝ го отсече јазикот, а нему дека ќе го спакува во кесички

Еспресо

(Фото) Жељко Бебек се пофали со успехот на ќерката Катарина: „Нашите срца се полни со гордост и среќа“

Еспресо

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

„Имам 52 години, приказната е завршена“: Гоца Тржан се откажа од борбата за второ дете

Е.А.

Гога Секулиќ откри што знае за помладиот избраник на Карлеуша: „Прекрасно момче е“

Еспресо
Се вчитува....