14:00 - 10 ноември, 2026

Цеца остана без својата „десна рака“ под ист кров: „Пак ќе биде блиску до мене…“

Семејствата на Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината сестра Лидијa Оцокољиќ веќе 20 години живеат заедно во куќата на Цеца на Дедиње, а сега дојде време да се простат.

instagram

Лидија речиси 20 години е во брак со поранешниот фудбалер Предраг Оцокољиќ, со кој има четири деца. Сите живеат во иста (огромна) вила, а во емисијата „Цеца шоу“ која се емитува на ТВ Блиц, Цеца откри дека наскоро сите се селат.

Мојата сестра ќе биде многу блиску до нас кога ќе се преселат. Анастасија планира да биде во Шпанија, Вељко е во Тител, но сестра ми, синот и снаата се секогаш тука за мене, и понатаму ќе бидат тука за мене и со мене – изјави Цеца во емисијата „Цеца шоу“.

– Се селат во мирна област, имаат прекрасна тераса. Терасата е како тревичка, да можеш да си седнеш. Живеевме под кирија додека куќата се довршуваше. Каде што живеевме, во истото маало, има сосема затскриена куќа, а веднаш зад плацот е шума. Мир, само ги слушаш птиците како црцорат. Се преселивме овде, месец јули беше, по цела ноќ парадираа мотори, ми пуштаат мои песни до сакка…станувам полудна! А јас му велам на Жељко дека мислам дека нема да можам да живеам во оваа куќа и тој ми вели – ќе се навикнеш! И сега не слушам ништо. Кога ќе легнам да спијам, спијам како да сум на најмирното и најтивко место – рекла Цеца.

Популарната пејачка не криеше дека сака мир и тишина, а тоа ѝ треба и на нејзината сестра.

Инаку, Лидија е најголемата поддршка на својата сестра. Не се експонира во јавност, но заслужна е за секој успех на Цеца и нејзина десна рака е, поради што многумина велат дека таа  жената од сенка без која Цеца н би можела.

Слични објави

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.
Се вчитува....