20:18 - 9 ноември, 2026

Штрајк во Грција поради железничка несреќа ќе го запре транспортот 24 часа: „Нема да дозволиме одрекување од одговорност и заборав“

Појдовните и дојдовните летови во Грција денеска ќе бидат суспендирани, а бродовите ќе останат закотвени во пристаништата за време на штрајкот додека грчките работници ја напуштаат работата во знак на протест поради железничката несреќа на 28 февруари во земјата во која загинаа 57 лица.

24-часовниот штрајк на најголемите синдикати во приватниот и јавниот сектор во Грција, исто така, се очекува да ги затвори јавните служби и државните училишта и да го наруши градскиот транспорт.

Ова е последен во серијата протести по судирот на патнички и товарен воз во централниот грчки регион Темпи. Во патничкиот воз имало повеќе од 350 луѓе, главно студенти. Континуирани штрајкови организираа и железничарите.

Демонстрантите, кои ја обвинуваат конзервативната влада и политичкиот систем во земјата дека ги игнорираат повторените повици од синдикатите за неисправните системи за безбедност на железницата, ќе почнат да се собираат пред парламентот денес во 9 часот.

– Нема да дозволиме недостигот на транспарентност, прикривањето, одрекување од одговорност и какви било одложувања да доведат до заборав – беше посочено од Синдикатот.

Синдикатот, исто така, ја повика владата да преземе мерки за да спречи нова катастрофа и побара темелна истрага за причините за судирот на возовите. Поведена е судска истрага за несреќата.

На 16 март сите летови ќе бидат прекинати во периодот од 00:01 часот наутро до полноќ по локално време, а ќе бидат дозволени само прелети, итни летови и летови за пребарување и спасување.

Слични објави

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо
Се вчитува....