18:37 - 15 ноември, 2026

Шокантната исповед на Бела Хадид за првиот човек на Викторија Сикрет го затресе светот: „Ме тераше да ги соблечам гаќичките“

Брендот за долна облека „Викторија Сикрет“, повторно се најде во центар на скандалите.

Обвиненија за сексуално вознемирување пристигнуваат од сите страни. Многу модели и работнички пријавиле дека претпоставените со децении ги вознемирувале, пренесуаваат странските медиуми.

Во обвиненијата се наведува дека директорите Лес Вакснер (82) и Ед Разек (71) сексуално ги вознемирувале.

профимедиа

Разек постојано ги допирал моделите на „непримерни“ места, им барал да му седнат во крило, се обидувал да ги бакне и ја користел моќта за од нив да добие сè што ќе посака.

„’Да се ослободиме од гаќичките“ – ми рече еднаш додека ми земаа мерки“, вели Бела Хадид (23), која тогаш го одбила, па нејзиниот договор со Викторија Сикрет не бил обновен. На оваа случка сведоци биле тројца луѓе кои биле во просторијата и ја потврдуваат приказната.

Исто така се зборува дека Ед се прашувал дали телевизијата ABC ќе дозволи Бела да „прошета низ пистата топлес со тие перфектни гради“. Изворите додале дека Разек ги допирал моделите за меѓуножјето преку долната облека, на истата проба кога на Бела ѝ земале мерки.

профимедиа

Минатиот Ноември Хадид изјави дека таа никогаш не се чувствувала моќно во текот на трите „Викторија Сикрет“ шоуа на кое прошетала во својата кариера. Таа се присети на ревијата која ја работела за брендот на Ријана „Savage x Fenty“ во Њујорк и изјави:

Ријана е сјајна. Тоа беше првиот пат на пистата да се чувствувам многу секси, изјави Бела.

Хадид прошета на пистата за „Викторија Сикрет“ три пати – 2016 година во париз, 2017 во Шангај и 2018 година во Њујорк.

профимедиа

По обвинувањата се огласи и Лес Векснер:

„Политиката во случај на сексуално вознемирување е максимално засилена. Ужасно ни е жал за секоја прилика кога не сме запреле такво однесување“, соопштија од компанијата.

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ за љубовта со Јосип: „Само го гледам и си мислам: Боже, ти благодарам!“

Еспресо

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.
Се вчитува....