30.5 C
Скопје
14:42 - 9 јули, 2026

Ќерката на Гоца Божиновска, два месеци по разводот си најде ново моче: „Мама знае малку за него“

Веста дека пејачката и ќерка на Гоца Божиновска, Јелена Вучковиќ, се разведува од својот сопруг Александар Софрониќ, со кого беше во брак 13 години, одекна како бомба пред два месеци. Не долго потоа стигна нова вест, таа има ново момче.

Јелена Вучковиќ не криеше колку ѝ било тешко кога дознала дека нејзиниот сопруг води двоен живот, а само два месеци подоцна откри дека е повторно вљубена. Иако сите шпекулираа дека се вратила кај бившиот, таа откри дека станува збор за нов маж.

– Не станува збор за поранешениот сопруг. Станува збор за некој друг. Има некој во мојот живот, сè уште се дружиме, но мислам дека е време да пуштам некого во мојот живот. Долго време бев запоставена и сама. Излегов од бракот чиста, но време е да продолжам со мојот живот – вели Јелена Вучковиќ.

Како што рече, нејзината мајка Гоца Божиновска знае само дека има некого, но ќе ѝ каже за деталите од оваа љубов кога ќе дојде кај неа во Америка.

– Мама штотуку доаѓа, па ќе биде запознаена со тоа. Таа знае малку, но ќе видиме каде ќе оди сето ова – откри Јелена за Информер.

Нејзиниот бивш живеел со друга жена три години

Да потсетиме, Јелена откри дека разводот дошол откако дознала дека нејзиниот сопруг има друга жена.

„Точно, се разведувам по 13 години брак. Тој водеше двоен живот, живееше со друга жена три години, дознав сè. Сè му посветив нему. Се обидов да спасам што можеше да се спаси, но не успеа. Го сакав него, сакав да бидам само со него, но ете. Дури и не работев заради него, сè му посветив нему, а тој беше со други жени“, изјави Јелена за „Блиц“ плачејќи.

Вучковиќ нагласи дека нејзиното семејство ѝ била најголема поддршка во овој тежок период.

„Сите се со мене, моето семејство е мојата најголема поддршка сега. Моментално сум со Гоца во Куршумлија. Треба да одам да снимам, мојата песна ќе биде објавена кон крајот на август. Тоа можеби е единственото нешто што ќе ме извлече од оваа ситуација“, додаде таа со грутка во грлото.

Слични објави

„Се надевам дека следниот пат ќе си ја најдам колата на дрво“: Весна Петрушевска повторно се пошегува на своја сметка по нов инцидент со колата

Еспресо

(Фото) Драма во домот на Лепа Брена – пејачката и нејзинот син Виктор барале помош, нуделе и награда

Еспресо

Хит на денот: Гледач во програма му кажа на Роберт дека направил песна за него и за Милена

apostolova

„Се чувствував забележана“: Тамара Калиниќ ги расплакала сите со својот говор на раскошната свадба

Еспресо

Една фотографија, илјада спомени: Силвија Стојановска го оживеа сеќавањето на легендарниот Ненад Стојановски

Еспресо

Вредната баба на пејачката Зарина Првасевда ќе ви го освои срцето со нејзината бавчичка

Еспресо
Се вчитува....