Новак Ѓоковиќ го искористи слободното време кое изненадувачки го доби во Америка по откажување на „Индијан Велс“ поради корона вирусот, па беше на дербито во Лос Анџелес помеѓу Лејкерс и Клиперс.
Ѓоковиќ на овој натпревар се најде во друштво на една Србинка, која во НБА лигата е позната како сопруга на Пол Џорџ, Данијела Рајиќ.
Поубавата половина на ѕвездата на Клиперс беше во друштво на неколку нејзини атрактивни девојки кога ја направиле фотографијата за спомен.
Данијела Рајиќ е инаку позната по епитетот српската Ким Кардашијан. Таа едно време била и го-го танчерка пред да го запознае Џорџ. Тие започнале љубовна врска која прераснала во брак од кој имаат две деца.