09:27 - 1 ноември, 2026

„Се убедив дека не ни е судено“: Бремената Катарина за љубовта со пејачот Дарко Лазиќ

Катарина Лазиќ за неколку месеци ќе стане мајка, а сега преку социјалните мрежи одговараше на сите прашања поврзани со бременоста и заедничкиот живот со сопругот Дарко Лазиќ.

Имено, српскиот пеја и неговата сопруга Катарина се венчаа минатиот август, а неодамна ги израдуваа сите со веста за нејзината бременост. Парот ќе го добие своето прво дете, а идната мајка одговараше на најчестите прашања на љубопитните следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.

– Колку деца планирате да имате со Дарко? – било едно од прашањата.

-Ништо не планираме. Поздрав! – одговорила Катарина.

– Кои се тајните на добриот брак? – прашал еден фан.

-Толеранција и компромис – кратко рекла таа.

– Кога е терминот и каде живеете сега? – еден следбеник бил љубопитен.

– Во октомври. Сè уште сме на релација Нови Сад – Брестач. Наскоро ќе треба да одлучиме каде ќе бидеме стационирани – открила таа.

– Дали некогаш веруваше дека повторно ќе бидете заедно со Дарко, дека ќе имате дете? – било уште едно од низата прашања.

– Пред 14 години кога раскинавме се убедував дека не ни е судено и дека нема да бидеме заедно, па сега одвреме-навреме му велам дека не ми се верува дека повторно сме заедно и дека ќе имаме дете – одговорила Катарина.

Слични објави

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.

Дневен хороскоп за 1 ноември: Раковите ќе се соочат со емоции од минатото, а Девиците ќе добијат неочекувана покана

К.С.

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо
Се вчитува....