14.8 C
Скопје
09:48 - 28 септември, 2026

Комеморацијата за Џаро ги собра Калиопи, Влатко Стефановски, Ранко Бубамара, Слаткар на едно место – секој со свое сеќавање

Влатко Стефановски, Калиопи, Драган Мијалковски, Марко Маринковиќ – Слаткар, Влатко Плевнеш, Ранко Петровиќ сопственикот на „Радио Буба Мара“, Александар Блажевски (кој ја водеше комеморацијата), угостителот Саша Шотаровски и градоначалникот на Ѓорче Петров, д-р Александар Стојкоски, како и бројни пријатели и почитувачи на ликот и делото на Велибор Џаровски – Џаро денеска присуствуваа на комеморациајта во Домот на култура во Ѓорче Петров.

На комеморацијата одржана на 40-тиот ден од заминувањето на естрадниот и спортски менаџер,  музичките ѕвезди и соработници раскажуваа за искуствата, соработката, но и анегдоти од богатиот живот на Џаро.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Влатко Стефановски раскажа како започнала и колку долго траела соработката со Џаро, кој го запознал кога бил многу млад музичар.

– Џаро го запозав кога бев многу млад музичар, кога почнував да патувам и да свирам. Тој имаше неверојатен осет за успешни проекти. Ни пријде во еден момент и ни рече: „Дечки, јас ќе ви правам турнеја низ тогашна Југославија“. Џаро ми беше голема животна и професионална школа – рече Стефановски, зборувајќи за почетоците со „Леб и сол“.
– И една работа ќе кажам, тој не беше материјален лик. Имаше неверојатна интелигенција. Џаро беше како психолог. Голем играч, кој ги знаеше слабите точки на соработниците. Џаро беше скенер, точно ги препознаваше луѓето, кој е важен, кој е небитен… Има многу анегдоти поврзани со Џаро… – додаде Стефановски.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Калиопи рече дека Џаро бил човек со големо срце.

– Анегдоти има милион. И сите можеме тука многу да раскажуваме, но никој не ги раскажуваше како тој самиот. Токму затоа денеска ќе се осврнам на човекот Џаро, бидејќи го знаеме како ваков, онаков, секаков, токму онака како што тој си се претставуваше самиот, отворено, експлицитно. Но, малкумина рекле за Џаро дека е добар човек, Џаро беше многу добар човек, со големо срце. Некој ме праша што за мене Џаро претставува. Џаро е мојата младост, моето растење. Со Ромео пред некој издадовме нов албум за 40 години соработка и сега ми текнува дека јас толку време го познавам Џаро. Можеби и повеќе од тоа. Јас и Ромео бевме едни од ретките што ја имавме таа привилегија да бидеме дел од семејството. Најпрво нему му ги давав песните да ги чуе пред да ги објавам. Тој секогаш ми кажуваше најискрено што мисли за тоа. За мене, тој е како доктор Џекил и мистер Хајд во едно. Велибор Џаровски е доктор Џекил, а мистер Хајд е Џаро. Затоа што секогаш знаеше на кое место треба да биде едно од тие две. Многу ми недостигаше на оваа последна промоција, но за мене беше голема чест што неговото семејство, особено сопругата Виолета, беше со нас. Имав чувство дека Џаро беше со нас. Драг мој пријателе ќе ми недостигаш. Патувај вечно кон светлината – рече Калиопи.

На комеморацијата беа присутни сопругата на Џаро, Виолета, ќерката Милица со сопругот Игор и децата Лара и Лука.

Велибор Џаровски – Џаро почина на 25 април, на 75-годишна возраст по кратко боледување.

Слични објави

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо
Се вчитува....