13:10 - 7 ноември, 2026

(Фото) Сопругата на Амиџиќ го ископира домот на неговата бивша: Погледнете ги двата слични луксузни стана

Доволно е да се погледнат фотографиите од станот на Огњен и Мина и да се споредат со фотографиите од станот на Данијела за јасно да се видат „сличностите“.

Водителот Огњен Амиџиќ не крие колку ужива во новиот брак со колешката Мина Наумовиќ, по разводот со поранешната сопруга Данијела Димитровска.

Двојката неодамна го доби синот Перун, кој е круна на нивната љубов, а познатиот водител се смести со сопругата во луксузен стан во населбата Дорќол, кој долго време го реновираа.

Според српските медиуми, тие потрошиле над 100.000 евра за реновирање на домот, а судејќи по видеата и фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи, во внатрешноста доминираат неутрални нијанси и земјени тонови.

инстаграм

Но, од моментот кога на мрежите се појавија фотографиите од луксузниот имот, многумина забележаа дека реновираниот стан на Огњена и Мина неверојатно наликува на станот на неговата поранешна сопруга, Данијела.

Во двата стана доминираат неутрални беж и кафени нијанси, како и минималистички пристап, што јасно дава до знаење зошто е поставено прашањето за „сличноста“.

домот на Огњен и Мина, принтскрин
домот на Огњен и Мина, принтскрин
домот на Огњен и Мина, принтскрин

А погледнете како изгледа домот на Данијела.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....