3.8 C
Скопје
07:30 - 21 декември, 2024

СЕ ОТКРИЈА: Неверојатни суми што ги загубил Џони Деп поради Амбер Херд!

Се очекувало Џони Деп да заработи 22,5 милиони долари за неговата улога во шестиот дел на „Пиратите од Карибите“, пред да биде исклучен од филмот по обвинувањата за семејно насилство.

Агентот на актерот, Џек Вигам, сведочеше во понеделникот на судењето за клевета на Деп против поранешната сопруга Амбер Херд, кажувајќи му на судот дека едиторијалот на актерката објавен во 2018 година бил „катастрофален“ за неговата кариера. Вигам истакна дека написот на Херд, објавен во „Вашингтон пост“ во декември 2018 година, е „прилично шокантен бидејќи првпат слушнав тврдење за сексуална злоупотреба“.

Деп (58) ја тужеше Херд за 50 милиони долари: тој тврди дека неговата поранешна сопруга го клеветела пишувајќи ја озлогласената статија за Вашингтон пост во која таа се опишала себеси како преживеана од семејно малтретирање и дека нејзините обвиненија му ја уништиле кариерата. Иако написот не го спомнува Деп по име, неговите адвокати велат дека било јасно дека Херд (36) мислела на актерот.

Агентот на Деп, Вигам, ја опиша штетата што статијата ја има врз угледот на Деп во Холивуд.

Во двете години по објавувањето на написот, помеѓу декември 2018 и октомври 2020 година, Деп не се појавувил во ниту еден филм, изјави Вигам пред судот. Тој, исто така, рече дека актерот обезбедил договор од 22,5 милиони долари со „Дизни“ за улогата на капетанот Џек Спароу во Пиратите од Карибите 6, но дека во 2019 година дознал дека студиото нема да го ангажира за новата епизода.

Вигам истакна дека дури и кога Деп добил улога во инди-драмата Минимата, филмот едвај успеал поради статијата. Вигам рече: „Едиторијалот излезе во декември токму кога заминувавме на божиќните празници. Минимата требаше да започне со снимање во јануари. Беше многу, многу тешко да се одржи проектот Минимата.

„Финансирањето стана несигурно, платата на Џони се намали за да го спаси филмот“, додаде агентот.

За време на сведочењето на Вигам, судот слушна за тоа колку Деп заработил за други филмови. За City of Lies, филм од 2018 година за истрагата за смртта на раперите Биги Смолс и Тупак Шакур, Деп заработил 8 милиони долари. Деп бил платен 10 милиони долари за филмот „Убиство во Ориент Експрес“ од 2017 година. А за филмот Fantastic Beasts 2 – The Crimes of Grindelwald, објавен во 2018 година и со Деп во главната улога, бил платен 13,5 милиони долари.

Деп заработил 3,5 милиони долари за комедијата-драма „Професорот“ од 2018 година и 1 милион долари за „Чекајќи ги варварите“, адаптација на романот на Џеј Ем Коетзи од 2019 година. И повторно, 3 милиони долари за Минимата, објавен во 2020 година, изјави Вигам пред судот.

Така, меѓу 2017 и 2020 година Деп заработил вкупно 38 милиони долари. За време на вкрстеното испрашување, адвокатката на Херд, Елејн Бредехофт, ги довела во прашање тврдењата на Вигам дека профитабилниот договор на Деп и „Дизни“ за новиот филм е завршена работа.

„Дали имате објаснување зошто нема ни парче хартија… нешто што сугерира дека г-дин Деп бил ангажиран во Пиратите 6 како Џек Спароу? праша таа.

Вигам одговара: „Работевме на многу договори каде што немаше писмен договор, тоа беше вербален договор“.

Ричард Маркс, адвокат и експерт за забавна индустрија, дал кредибилитет на сведочењето на Вигам. „Едиторијалот го повреди г-дин Деп, предизвика поништување  на договорот- ако сакате, му наштети на неговиот углед и неговата способност да најде работа во холивудската индустрија“.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....