30.8 C
Скопје
21:34 - 21 август, 2026

Русија е „сè уште отворена за дијалог со Украина“: Двочасовен телефонски разговор меѓу Макрон и Путин

Дури и ако „Киев не е сериозен“, Москва сепак вели дека е отворена за дијалог. Ова е прв разговормеѓу рускиот претседател и неговиот француски колега откако тој беше реизбран за неговиот втор мандат. Разговорот траел повеќе од два часа. 

Русија „се уште е отворена за дијалог“ со Украина. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со Емануел Макрон, според извештаите од Кремљ, пренесени од ТАСС.

Телефонскиот разговор се случил денес напладне, додека во Мариупол се обиделе да ослободат цивили од челичарницата Азвостал преку хуманитарните коридори.

Телефонскиот разговор траел повеќе од два часа.

Последниот телефонски разговор меѓу двајцата лидери датира од 29 март, додека Макрон разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата сабота и му вети поголема помош. Не е првпат двајцата лидери да се слушнат. Пред неколку месеци, францускиот претседател заминал во Москва пред почетокот на конфликтот за да спречи војна.

Путин го информирал Макрон за деталите за „специјалната операција“ и евакуацијата на цивилите од Азовстал, но рекол дека „земјите од ЕУ ги игнорираат воените злосторства на украинските сили и нивното бомбардирање на градовите и селата во Донбас“.

Зборувале и за документот потпишан од шефот на Кремљ со новите руски мерки како одговор на санкциите од Западот.

„Западот може да помогне да се запрат овие злосторства со вршење соодветно влијание врз властите во Киев, како и со запирање на снабдувањето со оружје за Украина“, рекол Путин наведувајќи дека на Киев му недостига „подготовка за сериозна работа“ во мировните преговори. .

Макрон, пак, ја изразил својата загриженост за глобалната несигурност со храната како последица на војната,  а Путин одговорил дека токму санкциите се главни причинители за тоа, пренесува раињуз.ит.

Инаку, Макрон приватно го примил поранешниот претседател Никола Саркози во Елисеј, неколку часа пред телефонскиот разговор со Путин. Ова го објави францускиот весник „Фигаро“.

Слични објави

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Активен пар — Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ освоија уште пет врва на Шар Планина

Еспресо

(Фото) Хрватската пејачка Жанамари позираше во бикини, жешките фотографии го „запалија“ интернетот

Еспресо
Се вчитува....