Еден од најпознатите фудбалери на сите времиња Златан Ибрахимовиќ се огласи на социјалните мрежи по повод коронавирусот поради кој е прогласена пандемија низ целиот свет.
Фудбалерот кој се врати повторно во Милан, истакна дека Италија секогаш му дала многу и дека е време тој да и врати. Тој ги повика сите кои може да донираат со цел да и помогнат на најпогодената земја во Европа досега од коронавирусот.
На крајот од неговиот говор Златан не би бил Златан ако е поразличен од сите други, па го кажа следното:
– Ако вирусот не дојде кај Златан, Златан ќе оди кај вурусот…