14:00 - 7 ноември, 2026

Се огласи пејачот на бендот Амадеус по итната хоспитализација

Пејачот на бендот Амадеус, Бојан Тасиќ – Џаја, синоќа бил итно хоспитализиран откако му се слошило за време на тонската проба, непосредно пред настапот.

Тој веднаш побарал помош во Итната медицинска служба, каде што му била дадена терапија и биле направени сите неопходни анализи. Потоа се огласил за медиумите и открил како се чувствува:

„Не сум баш најдобро, лежам дома. Цел ден денес и вчера чувствував болка во стомакот и така завршив во Итна. Добив терапија и инфузија, но сè уште не сум целосно добро. Се надевам дека ќе ми биде подобро“, изјави пејачот.

„Немав мачнина, само неопислива болка во стомакот. Вечерва требаше да настапувам во еден белградски ресторан, но моравме да го откажеме настапот затоа што не можев ни да стојам на нозе. Лекарите исклучија можност дека е жолчка или камен во бубрегот, мислам дека станува збор за гастритис, па добив терапија поврзана со тоа. Сега сум под терапија и на редуцирана исхрана“, истакна Џаја за Телеграф.

Да потсетиме, синоќешниот настап на бендот Амадеус беше итно откажан поради оваа ситуација, а организаторите и членовите на бендот ја објавија веста на социјалните мрежи.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....