-3.2 C
Скопје
03:54 - 23 декември, 2024

САКАТЕ ДА СЕ ПОЈАВИТЕ НА НАСЛОВНА НА МАКСИМ ИЛИ ПЛЕЈБОЈ? Доволно е само да си платите! А ќе добиете и посредник за „дилот“- фотографот!

Наместо да се промовира убава девојка, на насловните страници сè почесто се појавуваат анонимки кои си платиле за тоа, а еве и зошто и како…

Секоја девојка и жена отсега може да биде „девојка од насловната страница“, ама само ако е подготвена за тоа да плати. Во 2019 година, Џулиет Амелија, 45-годишна масерка од Флорида, изгледаше како најсекси манекенка: таа одеднаш се појави во осум меѓународни изданија на Плејбој-вклучувајќи ги Плејбој Шведска, Плејбој Јужна Африка и Плејбој Нов Зеланд. Во меѓувреме, Амелија – која сега продава копии од овие насловни страни и други нејзини „нецензурирани слики“ на нејзината веб страница – беше исто така објавена на насловната страница на британското списание за мажи FHM во Јужна Африка и Австралија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliet Amelia (@playmatejulietamelia)

„Дури ни Памела Андерсон не беше на толку насловни страници“, рече Џони Кортис, уредник на „Плејбој Словачка“. Кортис објасни дека Амелија сакала да се појави и во неговото списание, но тој ја одбил понудата од 10.000 долари од нејзиниот фотограф.

Од Плејбој (кој денес објавува текстови самопреку Интернет откако „ја угасна“ својата печатена верзија минатата година) рекоа дека им забрануваат на моделите да плаќаат за да се појават во списанието основано од Хју Хефнер во 1953 година.

„Плејбој Ентерпрајсс не дозволува практиката на лансирање на модели на нашите страници или на нашите меѓународни изданија“, рече портпаролот на Плејбој. „Оваа практика е спротивна на стандардите на брендот Плејбој. Апелираме до секој модел на кој му се обратиле да нè информира за ситуацијата“.

Амелија пак, не одговори на барањата за коментар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliet Amelia (@playmatejulietamelia)

Насловните страници на списанијата сè уште се љубоморно заштитени терени за уредниците на повеќето американски изданија. Но, вистината и фактите велат дека тие сè почесто и повеќе се „продаваат“ на црниот пазар во странство, кадешто на потенцијалните  пинап девојки им се ветуваат врвни позиции во медиумите во замена за плаќање, честопати и до 10.000 долари. Девојките исто така треба да ги поднесат трошоците за гардероба, шминка, снимање и монтажа.

Според извори, фотографите посредуваат: тие собираат пари од моделите, а потоа прават најгламурозни снимки за да ги дистрибуираат во странство на верзиите на популарните машки списанија.

„Понекогаш девојките плаќаат и за списанието, а понекогаш само на фотографот, во зависност од девојката, нејзините следбеници на социјалните мрежи, нејзиниот изглед и на тоа што се случува во нејзиниот живот“, објасни фотографот Рајан Двајер

Ако моделот, на пример, е девојка на познат спортист, „тоа ќе го направат бесплатно“, рече Двајер. Ако се работи за Лејси, стриптизета од Лас Вегас, тие сакаат да добијат пари. Практиката на модели кои плаќаат за да се појават во весниците цвета делумно благодарение на страниците на социјалните медиуми како Инстаграм. Од друга страна пак, со намалувањето на читателската публика, некои списанија повеќе не можат да си дозволат да финансираат „светкави снимки“ на егзотични локации или да платат голема сума пари за купување на авторски права.

„Добивав 7.500 долари за насловна страница, а 3.500 долари за „пополнување“ на пет или шест страници“, објасни Двајер, мислејќи на старите добри времиња на списанијата. „Еднаш случајно видов една секси девојка во бар. Ѝ доставив облека, ѝ обезведив шминка, фризура, платив за сè,  а потоа фотографиите ги продавав на списанија. И добро заработив“, рече тој.

Кога „буџетите почнаа да паѓаат“ во списанијата, Двајер сфатил дека може да заработи повеќе пари ако ги убеди жените што сакаат да се сликаат сами да си платат за тоа – односно да си платат за оваа привилегија.

„Фотографирав непознати секси девојки во Лондон и Рим до девојки од тукушто излезени од пластична хирургија кои сакаа да бидат на насловната страница. Сигурно го намалив квалитетот, но финансиски беше токму спротивното “, објасни Двајер.

„Кој не би сакал да биде на насловната страница на Максим? – рече Кајла Метвен, која себеси се нарекува Мадам Метвен и раководи со компанија за долна облека со седиште во Лос Анџелес. Но,  Метвен негира дека некогаш платила за насловна страница, а , фотографот кој ја сликал го вели спротивното: „списанијата никогаш не ѝ платиле неа, туку таа на нив!“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madame K (@madamemethven)

„Веднаш штом заврши фотосесијата, Метвен плати за фотографиите што ѝ се допаднаа, вклучувајќи ги и оние што ја доведоа до насловната страница на Максим Јужна Африка“, вели фотографот.

Друга манекенка пак, која се појави на насловната страница на Максим Јужна Африка заврши со тужба за изданието, тврдејќи дека била измамена да плати илјадници долари за да открие дека е објавена на лажна насловна страница.

Марина Пахомова, по потекло од Русија, позната и како Марина Памо, вели дека била намамена во авионот од фотографот Брајан Б. Хејс, кој на интернет се претставил како ексклузивен фотограф за Максим (Блиски Исток) и Максим (Јужна Африка).

Хејс наплатил 5.000 долари за две фотосесии, гарантирајќи ѝ на Пахомова дека фотографиите ќе се појават на Максим Јужна Африка. Потоа тој и побарал уште 6.000 долари бидејќи нејзините фотографии завршиле „на насловната страница ама и на внатрешните страници“. Тој и кажал дека е пријател со уредникот на Максим од Јужна Африка, Дирк Стинекамп, па дури ѝ испратил „скринпринт“ од наводно претходно одобрената насловна страница на Максим Јужна Африка со Пахомова како модел на насловна страница. Но, иако фотографијата излезе на таа корица, истото не важеше и за другите изданија на Максим.

Во својата тужба, Пахомова рече дека верува дека Хејс на овој начин измамил „стотици“ модели во текот на годините и заработил над 1,5 милиони долари.

Инаку, модерната практиката за плаќање кна насловни страници е осудена од Американското здружение на уредници на списанија, кое може да се пофали со членови на врвни списанија.

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....