6.8 C
Скопје
03:18 - 30 јануари, 2026

Рускиот олигарх Олег Тинков против Путин и војната: „Армијата е с*ање како и остатокот од оваа земја!“, Русија е „заглавена во непотизам и сервилност“…

Најостра и најексплицитна критика за руската агресија во Украина и за претседателот Владимир Путин доаѓа од руски олигарх. Милијардерот Олег Тинков, кој од почетокот на конфликтот веќе  изгубил 5 милијарди долари, се огласи со објава на социјалните мрежи против војната: „Армијата е с*ање … како и остатокот од оваа земја“ е резиме на размислувањата на банкарот кој ја отфрла етикетата на олигарх.

Постот е напишан на руски со делови на англиски јазик.

– Не гледам НИЕДЕН кој е во полза од оваа луда војна! Умираат невини луѓе и војници.
Генералите, будејќи се со мамурлак, сфатија дека имаат посрана војска. И како ќе биде добра армијата, ако се друго во државата е срање и заглавена во нипотизам и сервилност? – провокативно прашува милијардерот.

– Претставниците на Кремљ се шокирани што не само тие, туку и нивните деца нема да одат на Медитеранот ова лето. Бизнисмените се трудат да го спасат остатокот од имотот.. се разбира дека има морони кои цртаат Z, но мороните во која било држава се 10 отсто. 90% од Русите се ПРОТИВ оваа војна! – пишува тој во суровиот напад.

– Почитуван „колективен Запад“, ве молам дајте му јасен излез на г-дин Путин за да си го спаси лицето и да го запре овој масакр. Ве молам бидете порационални и похуманитарни – продолжува милијардерот овојпат пишувајќи на англиски јазик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oleg Tinkov (@olegtinkov)

Зад компромитирачка позиција што Тинков ја зазеде против Русија, стои неговата желба да ја напушти татковината засекогаш и да се пресели во Италија, во неговата луксузна резиденција во Форте деи Марми каде веќе помина добар дел од својот живот.

Од избувнувањето на конфликтот, основачот на дигиталната банка Тинкоф, поради санкциите би можел да загуби речиси 90% од вредноста на своите акции, што е еднакво на околу 5 милијарди, со што би се откажал од статусот на милијардер.

Колапс на берзата би го намалил неговото нето богатство на „само“ 800 милиони долари.

Сепак, Тинков сè уште може да се пофали со сопственоста на макси-јахтата „Ла Дача“, луксузни вили во Калифорнија, вила на француските Алпи и авионот Дасо Фалкон 7Х.

Олег Тинков е син на сибирски рудар, роден во 1967 година, својот бизнис го започнал како продавач на пиво и кнедли, сè додека не ја отвори банката Тинкоф во 2006 година која му донесе огромно богатство.

Во март 2020 година, тој беше уапсен во Лондон под обвинение за федерално затајување данок за што мораше да плати 509 милиони долари во октомври 2021 година.

Еден месец по апсењето, тој најави дека ќе се повлече од функцијата претседател на Тинкоф банка, откако откри дека му била дијагностицирана акутна леукемија.

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....