5.8 C
Скопје
04:34 - 21 април, 2026

Роден е главниот текстописец на „Alice in chains“, Иги Поп издаде деби албум со Дејвид Боуви и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Токму на денешен ден рокерот Иги Поп ја започна својата соло кариера, издавајќи деби албум кој го продуцираше легендарниот Дејвид Боуви, а кој оствари огромен успех и важи за еден од најдобрите во кариерата на Американецот.

Покрај објавувањето на споментатиот албум, на 18 март низ историјата на музиката се случија уште неколку настани кои треба да ги споменеме:

1941 година – Роден Вилсон Пикет, американски соул пејач („Land of 100 dances“).

1949 година – Роден Петар Пецо Петеј, еден од најпознатите и најдобри рок и џез тапанари во поранешна Југославија, кој беше дел од бендовите „Делфини“, „Тime“, „Foundations“ и „Индекси“.

1966 година – Роден Џери Кантрел, основач, соло гитарист, еден од двата вокали и главен текстописец во славниот американски рок состав „Alice in chains“.

1970 година – Родена Квин Латифа, позната американска раперка.

1977 година – Англиската панк рок група „The Clash“ го објави своето дебитантско издание, синглот со песната „White riot“, која ќе се најде на нивниот прв албум „The Clash“, објавен следниот месец.

1977 година – Американскиот рок пејач Иги Поп го издаде својот дебитантски соло албум под назив „The idiot“. Албумот го продуцираше Дејвид Боуви, потпишувајќи коавторство на песните и кој свиреше на неколку инструменти, а во изданието се појавува и како втор вокал во неколку нумери.

Со песните и звукот опишани како „дело кое граничи помеѓу Џејмс Браун и „Крафтверк“, албумот имаше значително влијание на бројни генерации на пост-пунк и готик артисти. Една од песните, „China girl“, стана посебно популарна дури кога Боуви ја сними за својот албум „Let’s dance“ од 1983 година.

1997 година – Американската рок група „Aerosmith“ го издаде 12. албум „Nine Lives“, од кој песната „Pink“, освои Греми за најдобра рок изведба.

2001 година – Почина Папа Џон (65), со вистинско име Џон Филипс, кој беше пејач и автор во групата „The mamas and the papas“. Џон е автор на нивните најпознати песни како „California Dreamin’“ и „Monday, monday“.

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....