11:03 - 31 март, 2026

Роби Вилијамс открил зошто одбил да го замени Фреди Меркјури во групата „Queen”

Пејачот Роби Вилијамс открил дека го прашале дали сака да го замени Фреди Меркјури во групата „Queen” и зошто го одбил ваквиот предлог, пред Адам Ламберт да дојде на тоа место.

Брајан Меј и Роџер Тејлор биле воодушевени од вокалните способности на Роби кога ја слушнале неговата верзија на песната „We Are The Champions”, по што му понудиле да стане фронтмен, но тој одбил.

Иако е познат по своите самоуверени и „откачени” настапи, изгледа дека пејачот се плашел дека нема да ги исполни очекувањата.

„Иако сум многу сигурен со микрофонот во рака, имам многу мала самопочит”, изјавил Вилијамс за „Sirius XM”.

Тој додал дека за него Фреди Меркјури е како ангел и дека застанувањето на сцената и заземањето на неговото место за него била премногу страшна идеја. За таа позиција сепак се осмелил Адам Ламберт кој ги предводи „Queen” уште од 2011 година, а Роби кој сепак бил прв избор, за него рекол:

„Адам Ламберт, да не беше толку прекрасна личност каква што е, би бил преплашен поради неговиот чист талент. Неговиот глас е просто неверојатен”.

Роби додал дека, иако никој не би ни очекувал тој да го замени Меркјури, тој бил премногу исплашен од преземање на толку голема одговорност.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....