10.8 C
Скопје
02:30 - 12 мај, 2026

Разговор со Дејан Богоевски, експерт за врвно кафе: Кафето е покомплексно од виното, се препознаваат до 2000 вкусеви на кафе!

„Кафето одамна не го пијам, туку го дегустирам“, вели Дејан Богоевски, наш познат бариста и мајстор на врвно кафе.

Дејан работи како професионален тренер во Lavazza Training Center на Coffee Factory на улица Македонија, повеќе од една деценија работи како бариста и на пената од кафињата прави вистински уметнички дела. Негова пасија и истовремено несекојдневен талент е Лате арт, правење уметнички дела во шолја еспресо.

– Бариста е човек кој ја има магијата во своите раце да нацрта цртеж на пената од кафето. Јас веќе 10 години се обидувам и едуцирам други за да се подобри кафе културата кај нас. Кога почнав сериозно да работам како бариста имаше неколку момци кои со драго срце ги поздравувам, а кои ми открија неколку финеси во работата, но сепак вештините ги развив со посета на неколку курса и многу работа. Но треба да има во тебе и доза љубов за да бидеш бариста едукатор. – раскажува Дејан.

Покрај тоа што учел за лате арт како уметност, Дејан истовремено учел и за квалитетот и видот на кафето.

– Кафето во својот состав и подготовка е покомплексно и од виното, се препознаваат до 2000 вкусеви на кафе. По водата е најконзумиран пијалок во светот. Кафето одамна не го пијам, туку го дегустирам. Лате арт ми е една од пасиите кога станува збор за подготовка на кафе и сакам секој гостин кој ќе пие кафе да има некое изненадување, затоа што мене ме поттикнува импресионираноста на гостите од мојата уметност на пената од кафето, се радувам на моментот кога гостинот ќе добие многу повеќе од она што очекувал од кафето.- објаснува Дејан.

Нашиот бариста има навика првото кафе да си го подготви така што неговата конзумација ќе му го одбележи денот, затоа тој за себе, но и учејќи ги другите сака да го направи секое кафе што подобро од претходното.

– Стотици луѓе сум обучувал за кафе културата, многу поминале досега во Lavazza Training Center, заинтересирани личности кои сакаат да си ги подобрат вештините и знаењето околу кафето. За Лате арт потребно е идниот бариста да има желба да го научи тоа. Кога ќе видам дека има доза на љубопитност кај некого, јас тој човек не пропуштам да го научам и да го направам неколку класи подобар – вели Дејан.

Го прашавме Дејан што е потребно за да се научи техниката Лате арт? Во што се крие тајната?

– Потребно е точна доза на кафе, млечна крема правилно подготвена. Млечната крема или пена се добива од квалитетно и добро подготвено млеко, односно млечна крема и пожелно е млекото да содржи идеални количини на масленост и протеини. Тоа е тајната за пената. Но останатото односно цртањето зависи од умешноста и креативноста на секој посебно.

Професионално, вкусно, уметнички подготвено со мерак, тоа се делата на Дејан. Посебно задоволство за страсните љубители на кафето.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Љубовната приказна на Катрин Денев е една од најбурните во 20 век: „Љубовта… Понекогаш изгледа само како болка“

Т.Ц.

(Фото) Се огласи синот на Ѓорѓе Балашевиќ на денот на неговиот роденден: „Ја одбележуваме вечноста“

Еспресо

„Некој го користи мојот лик и име“: Ана Бекута жртва на интернет измама, пејачката итно се огласи

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара го покажа новиот дечко, но сите го гледаа неговиот бесен автомобил

Еспресо

„Слушај ме ваму, гледај ме во очи“ – Сузана Манчиќ му одржала лекција на зетот генерал

Е.А.

Накит со потпис на Jewelry Palace SJ – уникатни дизајнерски парчиња што зборуваат без зборови

Еспресо
Се вчитува....