15:53 - 10 ноември, 2026

Новаја газета, весникот на Нобеловецот Дмитриј Муратов – ЗАТВОРЕН: Нема место за опозициски весници во Русија  

Весникот, кој од своето основање се бори против политиката на московскиот режим, беше принуден од државната агенција Роскомнадзор да стави клуч на врата до крајот на конфликтот меѓу Русија и Украина.


Притисокот на Русија врз независните медиуми не покажува знаци на запирање. Откако веќе во неколку наврати се судри со Кремљ, рускиот весник „Новаја Газета“ беше принуден да ги прекине активностите „до крајот на специјалната операција на територијата на Украина“ (начинот на кој од руските власти се бараше да зборуваат за инвазијата), и така мора да направи пауза и на печатените и на онлајн изданијата.

Соопштението доаѓа директно од редакцијата на весникот. Новаја Газета е позната по тоа што отсекогаш, од своето основање во 1993 година, бил опозициски весник во однос на владата на Владимир Путин.

На крајот на 90-тите весникот ги објавуваше колумните и написите на опозиционерката Ана Политковскаја, новинарка убиена во 2006 година. Сега пак, на удар е главниот уредник на Новаја Газета, кој е инаку добитник на Нобеловата награда за мир – Дмитриј Муратов, кој жестоко се бори да ја подигне свеста кај своите сограѓани за војната што е во тек.

Од 24 февруари, денот на руската инвазија на Украина, Новаја Газета застанува против одлуките на московскиот режим. Кога новинарката Марина Овсијаникова ја осуди војната во Украина и поради тоа беше уапсена, весникот веднаш зазеде став во нејзина одбрана. Поради оваа причина, на 28 март пристигна уште едно известување од страна на Роскомнадзор, државната агенција која ги „следи“ руските информации, принудувајќи го весникот да ја прекине својата активност.

„Договорот е блиску“: РОМАН АБРАМОВИЌ му предал на ПУТИН белешка од Зеленски со предлози за мир!

 

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....