08:11 - 10 ноември, 2026

„Протекоа“ интимни писма од принцезата Дијана: „Ме опишуваат како пеперутка, но не сакам да одлетам од ова семејство…“

Можеби ме опишаа како пеперутка, но јас не сакам да одлетам од ова прекрасно семејство, напиша Дијана на 2 декември 1995 година.

Во јавноста протекоа приватни писма на принцезата од Велс Дијана , во кои таа откри дека не сакала да се согласи на развод од сегашниот крал на Велика Британија Чарлс иако знаела дека „целата ситуацијата била грда и очајна“, објави Дејли Мејл.

Нејзините белешки наскоро треба да се најдат на аукција, со цена од неверојатни 90.000 фунти.

Изолацијата, стравот од прислушкувањето на нејзиниот телефон, жалењето за разводот и критиките кон кралското семејство се некои од темите на 32-те писма и белешки напишани меѓу 1995 и 1996 година, а упатени до нејзините блиски пријатели Саси и Тарек Касем.

Семејството Касем решило да се ослободи од писмата затоа што чувствуваат дека „нвното задржување е голема одговорност што не сакаат да им ја пренесат на своите деца“, но ќе задржат некои од нивните подоверливи писма. Остатокот ќе се продава поединечно, а средствата ќе бидат донирани на хуманитарни организации кои биле поддржувани од принцезата.

Во едно од писмата, напишано на 28 август 1996 година, Дијана напишала дека откажала да оди на опера поради напнатоста и притисокот што ѝ се вршел од сите страни.

– Поминувам низ многу тешки моменти, а притисокот е сериозен и доаѓа од сите страни. Понекогаш ми е премногу тешко да ја држам главата горе, а денес сум на колена и само копнеам овој развод да заврши бидејќи цената е огромна – напишала таа.

На 20 мај 1996 година, Дијана ѝ напишала на Саси дека телефоните во палатата Кенсингтон биле прислушувани.

– Да знаев пред една година што ќе доживеам поминувајќи низ овој развод, никогаш немаше да се согласам на тоа. Толку е очајно и грдо – се вели во писмото.

Во своите писма Дијана отворено ги напаѓала членовите на кралското семејство и откривала доверливи детали.

„Можеби ме опишуваа како пеперутка, но не сакам да одлетам од ова прекрасно семејство“, напиша Дијана на 2 декември 1995 година, само еден ден откако кралицата Елизабета ги советуваше неа и Чарлс да се разведат.

Семејството Касем, кое сè уште живее во Лондон, писмата ќе ги продава на 16 февруари на аукционерите „Лејс“ во Пензанс, а веќе има голем интерес за нив. Принцезата Дијана првпат ги запознала во август 1995 година за време на нејзините редовни посети на болницата Ројал Бромптон.

Слични објави

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо
Се вчитува....