6.8 C
Скопје
02:51 - 31 март, 2026

Принцот Хари доживеал нервен слом во Канада?

Принцот Хари наводно доживеал нервен слом во текот на престојот во Канада, јавуваат американските медиуми. 

Според изворите, принцот не можел повеќе да го поднесе притисокот кој кралските должности му го наметнувале на семејството, поради што наводно здравјето сериозно му било нарушено, па така тој неколку недели посетувал психијатар, а за сето тоа обвинета е Меган Маркл.

Американскиот таблоид „Globe“ објави вест дека член на британското кралско семејство доживеал „таен ментален слом“ за време на одморот и Божиќните празници.

instagram

„Принцот едноставно повеќе не можеше да гледа колку лошо се справува неговата сопруга со улогата на аристократка. Стравуваше дека Меган ќе го остави и ќе го земе нивниот син Арчи со себе. Сите тие околности си го земаа својот данок и во еден момент тој „пукна“, поради што со недели беше на терапија кај психијатар кој го посетуваше во вилата во Канада, за време на божиќните празници“, открил непознат извор, велејќи дека Меган тоа го искористила и го советувала дека ќе бидат многу посреќни, доколку едноставно, се откажат од кралските должности и се отселат од Велика Британија.

Други медиуми тврдат дека веста е лажна и го осудија овој чекор со кој очигледно намерата била да им се нанесе штета на Хари и Меган.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....