2.8 C
Скопје
19:56 - 20 декември, 2024

Пријателите,познатите, тафталиџани, Скопје се збогува со Пиже: Кој сега ќе ги раскажува така страсно приказните за Скопје?

Си замина Пиже. На 57 годишна возраст вчера ненајдено почина скопјанецот Сашо Пижевски – Пиже. Последниот поздрав со нашиот Пиже ќе биде утре (четврток, 19 мај) од 11 до 12 часот во главната капела на градските гробишта Бутел.

Пријателите, познатите, тафталиџани, Скопје се простува од Пиже.
„Се нема зборови…За тоа „колку сите ние изгубивме, колку изгуби градот, а колку секој од нас индивидуално”… Го запознав на свои 12 години, кога почнував во музиката и за мене беше “Чичко Пиже” од “Хавана бенд”.. Заедно со Зеко, од прв момент се поставија татковски и другарски кон мене, па така полесно се решаваа “равенките на естрадата, градот, луѓето и музиката”…
Слаб сум на вакви испраќања, Пиже..Единствено што можам е таа убава колоритна прикаска за тебе да ја врамам во една најубава рамка во моите сеќавања..Ти благодарам за се и светол ти пат“, напиша на својот Фејсбук профил музичарот Александар Митевски.
„Пиже друже знаеше да ми пратиш у 2 сабјле некоја фотографија, и уште три саати да збориме за тоа дали е добра или не и како би можело да биде подобра. Знаеше да ми пуштиш фотографија од Канео и да правиме муабет како паѓа светлото од месечината уште два саати. И имаше неверојатна желба за тоа. И отиде друже ненајавено и уште не ми се верува дека те нема. Ќе им недостасуваш на сите тука да знаеш, имаше некоја звезда во тебе. Почивај во мир легендо“, пишува фотографот Роберт Атанасовски. 
„Младоста, најубавиот дел од животот го поминав со тебе заедно. Не се двоевме, со денови, месеци и така со години. Не постојат зборови што ќе ја опишат тагата за оваа загуба. Почивај во мир драг мој Пиже„, се простува неговиот другар, Љупчо Ангелов Љупа.
Пиже, Џаро и Даниел – Пежо

„Пред два дена се слушнавме на мобилен и се договаравме деновиве да се видиме за емисијата што требаше да се снима, да се договориме како ќе изгледа, но вчера вечер се избезумив кога ми јавија што се случило со тебе, мој голем другар од младоста. Остави уште многу недовршени приказни и случки од градов кои ги препричававме , се смеевме за минатото време. Сега останав сам да се потсетувам како некогаш изгледаше Скопје. Зеко, другарот твој и мој, вчера те викна да му правиш друштво бидејќи не си му докажал еден муабет пред да си отиде, а ти остана недокажан за сите нас твои другари од младоста со твоите случки и муабети…“ – пишува Цајо на Фејсбук.

Јасна Шоптрајанова пишува на Фејсбук: „Има децении, не само години како се немаме видено. Ама имаше едно време кога „цело Скопје“ како да живееше заедно, се м’кневме и развлекувавме од кафиќ до кафиќ (тогаш многу помалку на број, а и посмешни, така самопрајски) и од нечија дома до нечија друга дома, во тој офлајн живот кога онлајн не ни постоеше и кога се уфилмувавме за присутното друштво и за себеси, со будалаштини што стварно не знам ни како би ги опишала, а не па објаснила. Споредено со денес, сценографијата на тогашните животи можеби изгледа провинцијално, но во главите бевме космополити, дури отпосле дојде паланечкиот дух што би ги спуштал рампите на градов и би фурал шуплив елитизам. Тогаш секој беше добредојден, само ако знае да се држи јуначки. Сум ги заборавила имињата на повеќето места што ги направија (којзнае дали некогаш направија пари или се’ раздадоа на частење), но ми излегуваат слики од тие неамбициозни ентериери и расвети, ама бескрајни глупирања, а и по нешто паметно. Сентиментална не сум, не би се вратила во тоа време, но мило ми е што го живеев, што го живеевме, толку сите различни, а толку на куп.

А дека Пиже и Зеко, просто ти иде заедно да изговориш пижеизеко, си заминаа на ист датум е една посебна точка што судбината решила да ја стави. Прерано за обајцата“.
„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, се огласи неговиот другар Игор Џамбазов на социјалните мрежи.
„Приказните за Скопје исчезнуваат, затоа што веќе нема кој така страсно да ги раскажува.
Пиже беше хроничар на едно време во еден град. И сите кои чепкавме по слоевите на Скопје наидувавме на неговите различни улоги. Многу тажно, мноооогу….
Чао Пиже… а рече дека ќе ми помогнеш околу олдтајмерите!“, напиша новинарката Ана Зафирова. 
Дац, уште еден негов голем пријател, напиша на Фејсбук „Тага, голема тага…Не знам како е таму, ама знам дека журката е се појака. Се собира друштвото.
“Годину по годину све нас мање има ту”“.

Нема кој не го знаеше Пиже, ако е баш скопјанец: Збогум за уште еден урбан лик – Сашо Пижевски Пиже

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....