08:27 - 7 ноември, 2026

ПРЕСВРТ ЗА ИЛОН МАСК И ТВИТЕР: Твитер започна преговори со Илон Маск под притисок на акционерите, „Сакам да го направам Твитер платформа за слободен говор!“

Instagram

Веста ја објавија Волстрит журнал и Ројтерс. Твитер започна преговори со Илон Маск под притисок на акционерите. Шефот на Тесла ќе се состане со управувачкиот одбор на Твитер и ќе разговараат за неговата понуда за преземање на социјалната мрежа со 43 милијарди долари. Сепак, тоа не значи дека бордот дословно ќе ја прифати неговата понуда од 54,20 долари по акција.

Маск изминатите неколку дена имаше средби со акционерите на Твитер, барајќи поддршка за неговиот предлог. И многу од нив ја повикале компанијата да не ја пропушти можноста за договор. Одборот на Твитер затоа одлучил да се сретне со Маск за да собере повеќе информации за неговата способност да го исполни договорот, но и да се обидат да добијат подобри услови.

Волстрит журнал претходно објави дека Маск и Твитер ќе се сретнат за да разговараат за предложената понуда од страна на Маск и дека компанијата за социјални медиуми ја разгледува понудата.

– Твитер повторно ја испитува понудата, пишува бизнис весникот, нагласувајќи дека „поверојатно е од претходно да се обиде да преговара“.

Според извори на кои се повикува весникот, „потенцијалниот пресврт на Твитер доаѓа откако г-дин Маск приватно се сретнал со неколку акционери на компанијата во петокот“. Милијардерот, исто така, „вети дека ќе најде решение за проблемите со слободата на говорот (…), без разлика дали неговата понуда ќе биде прифатена или не. Илон Маск рекол дека сака да го направи Твитер „платформа за слободен говор во светот“.

Според истите извори, Твитер би можел да даде изјава за пресот во четврток кога ќе ги објави резултатите од првиот квартал, или дури и порано, одговор што „може да ја остави отворена вратата за други понуди или да преговара со Маск за други услови освен цената“. Маск, исто така „во последните денови му повторил на претседателот на Твитер, Брет Тејлор, дека нема да се помести од неговата понуда од 54,20 долари по акција“ дадена на 14 април.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....