37.8 C
Скопје
14:30 - 21 август, 2026

ПРЕДЛОГ ДЕСЕРТ ЗА УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ: Здрав лимонов тарт, ни го приготвува Маја Марковска

Гурманка и супержена – Маја со прекарот Сонце Марковска е позитивна личност која со мерак готви. Како што и самата вели, некогаш по грешка рецептите се најубави, а никогаш не направила еден ист рецепт двапати.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Едно утро, за појадок направила кајгана која според состојките личела на сè, само на кајгана не 🙂 Друг ден зготвила јајца со ореви. Често ја караат за комбинациите, но никогаш не се жалат откако чинијата ќе остане празна. Пече леб во гусан длабок сад, во рерна. Маја е со адреса на живеење во село Побожје и вели дека живот на село значи реконструкција на најубавите моменти од детството ама како возрасна.

А сега рецептот – за тесто се потребни:

фото-приватна архива

120гр путер-на собна температура

1 лажица шеќер

½ лажичка сол

200 гр брашно

1 jајцe-на собна температура

За Фил:

4 лимони

4 јајца

100 гр шеќер

80 гр путер

Рендана кора од лимон/лајм

фото-приватна архива
фото-приватна архива

МЕТОД

Прво направете ја кората. Измешајте го брашното со шеќерот, солта, потоа коцките путер и миксирајте со маталки за тесто, додека се распаднат грутките. Додајте јајце, па миксирајте да се формира тесто. Преместете ја смесата на парче најлонска фолија на работна површина и одозгора добро притиснете да се сплеска. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер да стои половина час. Потоа расукајте го на набрашнета работна површина, до 4 мм дебелина. Префрлете го во калап за тарт, па со прстите притиснете да се залепи тестото на работ од калапот. Со нож отстранете го вишокот тесто кое виси. Со виљушка избодете го дното и оставете го садот во фрижидер половина час. Во меѓувреме подгответе го филот. Во сад изматете ги јајцата, жолчките и шеќерот. Додајте ги сокот и кората од лимон, измешајте со маталка додека се соединат состојките. Варете го филот над пареа.

На тестото ставете хартија или фолија за печење, над неа зрна ориз или грав и печете го во рерна на 180 степени, 15-20 минути. Тргнете ја хартија со ориз и вратете го тестото да се пече уште 10-15 минути. Откако ќе се испече оставете го убаво да се излади. Откако ќе се олади ставете го филот и декорирајте со намирници по желба.

Напомена: во зависност од вашата желба и вкус, филот можете да го направите кисел или благ 🙂

фото – приватна архива

 

Слични објави

Јордан Митев по 25 години случајно ја пронајде ученичката книшка и се потсети на едно поинакво време

Еспресо

Вака изгледа дел од бајковитиот дуплекс на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ — мала зелена оаза во Нов Белград

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева има необична техника за релаксација – свири на кристални чинии

Еспресо

„Баш ми е жал што Душко раскина со девојката!“: Тошиќ дошол на настапот на Карлеуша, таа блеска од среќа

Еспресо

Ирина и Павле Камилоски ја крстија ќеркичката во Галичник – го носи името на свекрвата на Ирина

Еспресо

Милош Биковиќ ги воодушеви следбениците откако со синот Василие го запеа хитот од Драгана Мирковиќ

E.A.
Се вчитува....