22:10 - 29 ноември, 2026

Последните години од животот на Барбара Волтерс: „Сакам да седам на сончево поле и да им се восхитувам на надарените жени“

На 30 декември, новинарската индустрија изгуби легенда. Барбара Волтерс, телевизиската новинарка позната по тоа што беше немилосрдна во начинот на кој интервјуираше истакнати политичари и познати личности, почина на 93-годишна возраст.

Волтерс навистина беше со секоја емисија на самиот врв, беше основен дел од популарните програми, особено „Тодеј“, „20/20“ и „АБЦ Најт њуз“ и, се разбира, „Вју“, за кој таа помогна да се создаде .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Walters (@barbarawaltersabc)

Но, во нејзините последни години, Волтерс ретко се гледаше во јавноста. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во 2016 година, кога присуствуваше на премиерата на „Таткото“ (The Father) во театарот Семјуел Џ. Фридман во Њујорк Сити.

Нејзиното отсуство од јавниот живот се должеше на болеста со која се бореше.

„Не сакам да се појавувам на друга програма или да се искачам на друга планина“, рече таа во 2014 година. „Наместо тоа, сакам да седам на сончево поле и да им се восхитувам на многу надарените жени – и во ред, и некои мажи – кои ќе го заземат моето место“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Walters (@barbarawaltersabc)

Во годините по нејзиното пензионирање, таа се борела со деменција и одбивала билокој да сведочи за нејзината непријатна состојба во која се наоѓа.

Вупи Голдберг се погрижи да ѝ испрати честитка на нејзиниот последен роденден. „На едната и единствена Барбара Волтерс, која вчера имаше роденден“, рече таа на „The View“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Walters (@barbarawaltersabc)

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....