8.8 C
Скопје
12:03 - 1 април, 2026

После десет години: „Genesis“ на чело со Фил Колинс се враќаат на музичката сцена!

Пејачот Фил Колинс и останатите членови на бендот Тони Бенкс и Мајк Радерфорд најавија своја турнеја, што значи враќање на групата „Genesis“ на музичката сцена.

Колинс, кој има 69 години, овојпат нема да може да свири на тапани поради операција на грбот која ја имаше од порано, а замена ќе му биде неговиот 18-годишен син Николас, како и долгогодишниот соработник Дерил Стајмер.

Објаснувајќи зошто почувствувале дека токму сега е вистинскиот момент да се вратат на турнеја, Радерфорд изјави дека Колинс не бил на турнеја во последните две години, како и дека тоа што сега разговарале на оваа тема е сосема нормално, пренесува „Метро“.

Колинс е горд што буквално му ги предава палките на својот син, но вели дека и самиот ќе се обиде да отсвири одредени делови на некои од концертите.

Бендот „Genesis“ неколку часа пред гостувањето во програмата на „Би-Би-Си“, на својот профил на Инстаграм го најавија враќањето.

Нивните обожаватели последен пат имаа прилика да ги гледаат во живо на турнеја во 2007 година, кога тие прославија 40 години постоење.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....