14:25 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве до кога ќе уживаме во сонцето!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло за разлика од изминатите денови. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, до самиот крај на оваа недела времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, за време на викендот со појава на мала до умерена локална облачност.

До петок и тоа особено долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и во следните денови максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....