14:10 - 10 ноември, 2026

(ВИДЕО) Џон Траволта доби дозвола за управување со Боинг 737

Џон Траволта е подготвен за ново полетување и слетување, и тоа ни помалку ни повеќе туку со Боинг 737, за кој добил дозвола за управување и со која се пофали во видео на Инстаграм. Во видеото, 68-годишниот Џон Траволта видно возбуден вели дека е исклучително горд на својата историја во воздухопловството.

„После 747 и 707, штотуку добив дозвола за летање со авион 737 и сѐ помина многу добро, затоа го споделувам овој момент со вас“, вели во видеото Траволта, после чие објавување му честитаа неговите познати пријатели.

Се огласија рокерот Томи Ли, актерот Дони Волберг, но и „црната пантерка“ Наоми Кембел.

Џон Траволта научил да управува со авион уште на 15 години, а првата дозвола за управување ја добил во 1978 година.

Тој поседува најмалку седум авиони, вклучувајќи ги Боинг 707, Бомбардиер Челинџер 601, Боинг 727 и три авиони Галфстрим.

Летањето е неговиот најдобар начин да се опушти и да избега од секојдневието, а колку е вљубен во него, зборува и тоа што во неговиот дом на Флорида има и приватна писта за своите авиони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....