6.8 C
Скопје
02:27 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве до кога ќе имаме многу снег!

– Денес времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Понтензивни врнежи ќе има во западните предели каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Мала снежна покривка ќе се формира и во останатите места низ државава, освен во долниот тек на Повардарието. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, каде се очекува формирање на помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

Според Попоски, во следните денови времето ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за слаб локален снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....