23:42 - 13 април, 2026

Попоски најавува: Се враќа летото, еве кога

– Во текот на денешниот ден очекуваме нова дестабилизација на Атмосферата кај нас. Тоа значи дека локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Овие процеси локално би можеле да бидат поинтензивни, во форма на невреме.

Потоа од утре, па за време на викендот следува нов период на стабилно, суо и топло време со не екстремно високи температури на воздухот, и тие тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Во Скопје и околината исто така денес ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа следува период на стабилно, суво и сончево време со повисоки максимални температури, кои ќе се искачуват во интервалот помеѓу 27  и 29 степени.

Мора да напоменеме дека ноќите и утрата и понатаму ќе бидат свежи, па токму поради ова најдобро би било со вас да си понесувате потопла облека за до своето работно место.

Умерен тополотен африкански бран, кој не би требало да донесе екстремно високи температури кај нас, барем според сегашните анализи, очекуваме во текот на следната седмица – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Џастин Бибер направи хаос на „Коачела“ – за 10 милиони долари пушташе музика на лаптоп!

Т.Ц.

(Фото) Ана Николиќ со ќерката и Рале отишле во манастир: Стајлингот на пејачката предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

apostolova

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ во романтична велигденска идила: Пловат со брод и разменуваат нежности

Еспресо

Данијела Мартиновиќ ја отвори душата: „Животот нè учи да го препознаеме она што е важно“

Т.Ц.

(Фото) Драгана Мирковиќ во „мустанг“ од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо
Се вчитува....