11:40 - 12 март, 2026

Попоски: Доаѓа вистинска есен во Македонија, еве кога

Под влијание на влажен и значително постуден воздух од север, од утрешната ноќ, а особено во понеделник времето во Македонија ќе биде претежно облачно и многу посвежо со пад на температурите дури за околу 10 степени во споредба со сегашните. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, но ќе дува и засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Локално пак ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи, и исто така со засилен северен ветер.

Потоа од вторник следува период на променливо облaчно и свежо време, особено наутро, а ќе има и појава на сончеви периоди. Ќе дува северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет, а ќе има услови за слаб локален дожд.

Во Скопје и околината исто така особено во понеделник ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата осетно ќе се намали.

Максималните дневни температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23. Утрата во текот на следната седмица ќе бидат особено свежи со минимални температури кој понекаде ќе е спуштаат и под 10 степени, со што ве советуваме доколку излегувате рано наутро, со вас задолжително да си понесете потопла облека.

Есента и студеното време полека ни доаѓааат. Со слични анализи излегоа и нашите колеги (балканските метеоролози). Тие најавуваат се постудено време и надоаѓање на вистинската есен. Од друга страна пак, западна и северозападна европа се на удар на нов топол бран и многу високи температури на воздухот, но тие нема да стигнат кај нас – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova
Се вчитува....