21:16 - 9 ноември, 2026

Почина поранешна манекенка и мис, добила мозочен удар по естетската операција

Жаклин Кариери, поранешна мис и мајка на две деца, почина на 48-годишна возраст, а најверојатна причина за смртта е мозочен удар, кој настанал како последица на компликации по пластична операција, односно појава на згрутчување на крвта, пишува „Дејли мејл“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaquelin Carrieri (@jaquicarrieri)


Жаклин наскоро требало да го прослави својот 49-ти роденден. Операцијата била направена на 1 октомври во неименувана клиника во Лос Анџелес.

Тажната вест за смртта на мисицата ја потврди семејството.

Веста за смртта на поранешната мис Жаклин Кариери беше објавена и на фејсбук-страницата „Reinas Vendimiales San Rafael Mendoza“.

Децата на Жаклин, Клои и Џулијан биле со неа кога таа починала, јавуваат аргентинските медиуми.

Жаклин освои неколку титули за убавина во 1996 година во Аргентина. Таа беше во врска со синот на познатиот новинар Хорхе Кинтана. Студирала на Националниот универзитет Ломас де Замора во близина на Буенос Аирес.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaquelin Carrieri (@jaquicarrieri)


Таа успешно ја водеше продавницата за облека „Жаклин Кариери бутик“ , но во текот на пандемијата на коронавирусот, таа била принудена да го прекине тој бизнис. Семејството и пријателите ја опишуваат како многу талентирана и прекрасна жена.

Жаклин со години водела сметка за стајлингот на девојките кои се натпреварувале на изборот за убавина во Сан Рафаел.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....