7.8 C
Скопје
00:50 - 30 март, 2026

Почина индијанската глумица која 50 години беше на црната листа на Холивуд бидејќи во име на Марлон Брандо го одбила Оскарот

Сачин Литлфедер, индијанската актерка и активистка која го одби Оскар за „Кум“ во име на Марлон Брандо, почина на 75-годишна возраст, објави во неделата Академијата за филмски уметности и науки. Литлфедер боледувала од рак на дојка.

Холивуд репортер пренесе изјава од нејзиниот старател кој рекол дека таа починала во неделата во својот дом во Новато, Северна Калифорнија, опкружена со најблиските.

Брандо го освои Оскарот за најдобар актер во 1973 година за неговата улога во „Кум“, но не присуствувал на церемонијата, протестирајќи во знак на поддршка на правата на американските домородци.

На настанот во име на Брандо се појавила Литлфедер. Таа одбила да ја прифати наградата и одржала краток едноминутен говор за стереотипите и малтретирањето на американските Индијанци во забавната индустрија и масакрот во Wounded Knee во Јужна Дакота, објаснувајќи дека одбивањето на актерот делумно се должи на „односот на американските Индијанци во филмската индустрија… и на телевизијата, во репризите на филмовите“.

Холивуд по церемонијата ја стави на црна листа.

Во август Академијата упати официјално извинување за нејзиниот третман и беше организатор на вечер за „разговор, исцелување и изведба“ која ја предводеше Литлфедер.

Во текот на вечерта, Академијата официјално и се извини на актерката која со децении трпела злоставување во филмската индустрија.

Академијата призна дека 75-годишната актерка веќе педесет години е „професионално бојкотирана, злоставувана, напаѓана и дискриминирана“.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....