22:05 - 6 ноември, 2026

Кејт и Вилијам наследиле таен имот што Чарлс и Камила особено го сакале

Според британските медиуми, по смртта на кралицата Елизабета Втора, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, принцезата од Велс, наследиле куќа во рурален дел на Велс.

Пространиот древен имот Слојнивермод (Llwynywermod) од 192 хектари лоциран во округот Кармартеншир бил купен од страна на кралот Чарлс Трети пред 15 години. Чарлс често престојувал таму со сопругата Камила, а наводно тие се дружеле и со локалното население и присуствувале на црковните служби во недела.

Чарлс таму официјално ја отворил месната заедница, а порано учествувал и во локалната лотарија.

Токму на овој „таен“ имот тие престојуваа по смртта на таткото на Чарлс, Филип во април 2021 година.

Куќата се состои од соба за дневен, престој мала кујна и три спални соби. Има и камин и пространи прозорци, а во 2007 година чинела 1,2 милиони фунти.

Наводно, Чарлс поминал 40 години во потрага по совршено рурално прибежиште пред да се смести на имотот Слојнивермод, чии делови можат да ги резервираат семејства или парови кои бараат релаксирачки одмор.

Локалните жители се сигурни дека Чарлс сега нема да има време за посети, но ќе ги посетуваат идниот крал и кралица кои веќе го освоија срцето на нацијата.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....