23.8 C
Скопје
14:11 - 30 септември, 2026

Овие ѕвезди ги упропастија своите лица со естетски операции: Сега наликуваат на карикатури! (ФОТО)

Што се случи со лицетона Том Круз? Си играл со ботокс, се за да ја задржи младоста која неминовно му се лизга низ прсти. Актерот има 57 години, па измазнето лице повеќе не е возможно да се има на природен начин, а за да го запре времето, тој му подлегна на ботоксот од кој сега изгледа вештачки. Нема мимики, а лицето му е восочно, малку розеникаво. Јаболкниците му се нагласени, што визуелно значително е поприфатливо кај жените отколку кај мажите. Во секој случај, еден од најпознатите светски актери потполно го промаши овој потег.

„Застрашувачки лошо изгледа Донатела Версаче“, вели јавноста. Таа има 64 години и навистина не се носи достоинствено со годините, туку изгледа страшно и очигледно многу се плаши од нив. Кога во 90-те се појави како наследничка на нејзинот трагично убиен брат Џиани, Донатела изгледаше многу подобро, со корекциите беше умерена, па лицето ѝ изгледаше здраво. Во новиот милениум едноставно започна да ги користи сите благодети на естетската хирургија и се претвори во жена која го смени личниот опис преку операции и премногу лежи во солариум.

Големиот Мики Роурк имаше многу мажествена енергија и исто такво лице. За жал, сето тоа го упропасти кога ја доби идејата да се „поправи“. Резултатите беа застрашувачки, долго време беше предмет за исмејување, а својата кариера дури неодамна успеа да ја врати на вистинскиот пат, оној кој го заслужува.

Најпотресен е случајот на богаташката од Њујорк, Џоселин Вилденстајн. Ја нарекоа „жена мачка“, а на операциите потроши многу пари. Лицето започна да ѝ се распаѓа поради сите тие операции. Нејзиниот покоен сопруг Алек Вилденстајн беше љубител на мачки, а Џоселин со страв да не ја напушто, од хирурзите побара да заличи што повеќе на мачка. Тоа не помогна, сопругот ја изневери со 19-годишна руска манекенка.

View this post on Instagram

Yellow is a wonderful color.☀️⭐️?????

A post shared by Jocelyn Wildenstein Fan Page (@jocelyn_wildenstein_fan_page) on

Кога после третманите со ботокс, Рене Зелвегер се појави на црвениот тепих, многумина не ја препознаа. Кога сфати какви реакции предизвикаа нејзините потези, Рене одлучи дека повеќе нема да се враќа на естетските операции.

Слични објави

„Сепак ништо од тужбата“: Јелена Радановиќ проговори за скандалот со Ана Николиќ и откри како заврши сè

Е.А.

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша во мини фустан низ Милано со 25 години помладиот Александар, со нив се и нејзините ќерки

Еспресо

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо
Се вчитува....