15:26 - 7 ноември, 2026

Ова е причината за разводот на Аријана Гранде: Далеку од очи, далеку од срце

30-годишната американска пејачка Аријана Гранде се разведува од сопругот по две години брак.

Ѕвездата и нејзиниот сопруг, агентот за недвижности Далтон Гомез, решиле да се разведат по две години брачен живот, а причината била во тоа што постојано биле на далечина, разделени едн од друг.

Откако се појави веста за нивната разделба, извор за американските медиуми откри дека поранешните љубовници не можат да преживеат во „светот после Ковид“.

Наводно, парот си бил „сè“ еден на друг, но штом се укинала домашната изолација и работите почнаа да се нормализираат, повторно морале да се разделат поради обврските, а сопругот на Гранде веќе не можел да го издржи нејзиниот статус на славна личност.  Постепено, нивните разлики станувале се поочигледни.

„Обрските и одвоеноста дефинитивно станаа проблем за нив. Обврските на Далтон се тешки и бројни и тој не може често да го напушта Лос Анџелес. Така, кога [Гранде] почна да го снима филмот Wicked во Англија, тие беа во брак на далечина“, рече инсајдерот.

Изворот додаде дека Далтон Гомез е „исклучително фокусиран на својата кариера и има потреба да живее во Лос Анџелес“, со оглед на неговата работа како агент за луксузни недвижности.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....