15.8 C
Скопје
03:55 - 8 септември, 2026

Каква промена од денес ќе почувствуваат хороскопските знаци: Кармичките лунарни јазли го менуваат знакот

На 18 јули 2023 година кармичките лунарни јазли го менуваат знакот – промената е неизбежна за секој хороскопски знак.

Пормените ќе траат во следните 18 месеци, поточно од денес, 18 јули 2023 година, до 11 јануари 2025 година. Северниот јазол (познат и како Месечев чвор) ќе се пресели во Овен, а Јужниот во Вага.

Како ова промена ќе делува на хороскопските знаци?

Следната година и половина ќе биде одличен период на нови почетоци и пројавување (и истакнување) на сопствена индивидуалност, бидејќи Овенот е поврзан со решителност, храброст и самопотврдување. Тоа значи дека секој од хороскопските знаци треба да биде похрабар и да не се плашите од новото. Ова особено важи за Раковите, Девиците и Биковите.

Вагата симболизира хармонија, партнерство и рамнотежа. Така, акцентот во овој момент од нашите животи ќе биде ставен на соработката и дипломатијата.

Вреди да бидете подготвени за промени и да бидете отворени за нови почетоци, особено ова важи за претставниците на знакот Овен и за Вагите. Можеби ќе треба сами да го поставите моментумот, да преземете иницијатива и да ги направите првите чекори кои до крајот на овој период ќе ве донесат до вистинска победа. Исто така, бранете ги вашите граници, научете да кажувате „не“ и да не подлегнувате на туѓите манипулации. Вакви граници конечно во овој период ќе постават Рибите (кои инаку се попустливи) но и Водолиите.

За Близнаците периодот ќе биде поволен за наоѓање одговори на важни прашања, пронаоѓање на вашиот повик и воспоставување комуникација со најблиските. Ова може да значи слушање и почитување на мислењата на другите, како и стремеж кон правичност и еднаквост.

Глобално, овој период може да се поврзе со раст на активизмот и борбата за социјална правда. Можеме да очекуваме зголемување на политичките движења кои се залагаат за еднаквост и правда, како и за надминување на заеднички непријатели.

Сонот се остварува: Оваа недела ќе им донесе луда среќа на два хороскопски знаци

 

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....