9.8 C
Скопје
13:00 - 31 март, 2026

НОВ ШОК ЗА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Најавен уште еден РАЗВОД во кралското семејство, втор за една недела (ФОТО)

Разводот на Дејвид Линлеј, грофот од Сноудон, син на принцезата Маргарет од бракот со лордот Сноудон и внук на кралицата Елизабета Втора, од Серена, грофицата од Сноудон после повеќе од 25 години брак ја растажил кралицата, пренесува „Дејли Мејл“.

Линлеј објави дека тој и неговата сопруга се разведуваат, а нивните пријатели како причина за разводот го посочуваат неговото отсуство од домот поради работни обврски. Грофот инсистира дека причината за разводот не е трето лице.

Линлеј е најпознат по својата компанија за производство на скапоцен мебел која го носи неговото име “Linley’s”. Портпаролот на парот потврди дека тие ќе се разведат:

„Парот ги замолува сите да ја почитуваат нивната приватност и приватноста на нивното семејство“.

Разводот на грофот и грофицата од Сноудон доаѓа една седмица откако најстариот внук на кралицата, Питер Филипс и неговата сопруга Отом одлучија да живеат одвоено и потоа да се разведат.

Инаку, Дејвид и Маргарет се венчаа во 1993-та година и имаат две деца – Чарлс Армстронг-Џонс и Маргарита Армстронг-Џонс.

Често нарекуван „кралскиот столар“, Линлеј пишуваше книги за производство на мебел и уредување на домот и предаваше ширум светот на таа тема. Инаку, Линлеј е почесен претседател на европските, блискоисточните, руските и индиските подружници на аукцискaта куќа “Chritie’s”.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....