11:37 - 7 ноември, 2026

„Никогаш не сум побрзо пропаднала, како овие два месеци! Кристина Ковач загрижена за своето здравје, откри со што се бори

Пејачката, композиторка и текстописец Кристина Ковач последните два месеци се справува со различни симптоми поради кои е загрижена за своето здравје.

Кристина Ковач со емотивна, загрижена, но и хумористична објава на социјалните мрежи сподели со своите следбеници дека во последните два месеци се соочува со рани симптоми на перименопауза, фаза која ѝ претходи на менопаузата и која ја карактеризираат хормонски осцилации, најчесто пад на естрогенот и прогестеронот.

– Никогаш во мојот живот не сум „пропаднала“ побрзо отколку во последните два месеци. Немам многу симптоми на менопауза која наскоро ќе дојде, но еден што засега го имам само неколку месеци досега е напливот на кортизол во раните утрински часови, претпоставувам, затоа што ме буди рано наутро кога се вртам од едната страна на другата во креветот брзо и силно чукање на срцето. Никаква вознемиреност, ниту чувство на напнатост, само силен и брз пулс и точно се чувствува како зголемен наплив на кортизол, кој вообичаено служи за да нè разбуди, само кога естрогенот и прогестеронот се во опаѓање, тогаш веројатно посилне е тој удар – започна Кристина, а потоа продолжила:

– Како резултат на тоа, мојот сон, кој инаку е многу добар и константен, сега е прерано прекинат за моите стандарди. И откако тоа се случи, добивам кафеави кругови под очите и изгледам како да сум умрела вчера – напишала таа.

Како што изјавила, цело време се прашува дали е можно едно мало нарушување на спиењето да ја направи да изгледа толку пропаднато.

– Дали е можно само поради тоа мало нарушување на сонот да почнам да изгледам вака пропаднато, да не е нешто друго во прашање… Но докторот овде вели – еџ, па тоа е сосема логично. Се надевам дека е во право. Дали некој од вас имал такво искуство? Само сакам да знам дали некому му се случило и се совпаднало или не? Дури сега ме чека сешто, а ете една ставка, која е една од првите, не ми е баш добредојдена. Исто така, факт е и дека бев на работ на исцрпеност со работа, но…попрво мислам дека е второто – заклучила Кристина.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....