18:00 - 10 април, 2026

Немам право да го држам покрај себе: ГОЦА ТРЖАН ОТВОРЕНО ЗА ВРСКАТА СО РАША по петтото неуспешно ин витро

Гоца Тржан за време на гостувањето во една емисија на телевизијата К1, отворено зборуваше за најтешките моменти низ кои поминале таа и нејзиниот сопруг. Поп ѕвездата истакна дека долготрајната борба за заедничко потомство уште повеќе ги зближила, и ја зајакнала нивната љубов.

– Мислам дека паровите кои навистина сакаат дете и се трудат да имаат деца, а не можат да имаат, чувствуваат болка до крајот на животот. Тешко е да се помириме со тоа и воопшто не сум сигурна дали на мажите или на жените им е потешко – рече Гоца на почетокот на разговорот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

– Морав да бидам подготвена како жена која е 14 години постара од него, еден ден да ми каже: „Слушај, јас сепак сакам да имам дете, а ти веќе ја помина границата кога физиолошки можеш да родиш“. Немам право да го држам тој човек покрај себе и не го задржувам ниту сега – искрено призна пејачката.

– Тој е моја, а јас сум негова поддршка. Знаете, кога ќе се случи ин витро оплодување и кога ќе се случи неуспех во тој процес, тој секогаш ми вели дека му е многу тешко затоа што не може да понесе ниту еден дел од мојот товар. Се зависи од жените. Жените добиваат стимулација, жените поминуваат низ хормонални бури… Ментално е многу тешко. Хемијата и биохемијата функционираат така што сте толку напнати… Тоа е ПМС помножен со 100! И тоа трае, на пример, од почетокот на стимулацијата до почетокот на зачнувањето или до моментот кога ќе дознаете дека не сте бремени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin
Се вчитува....