00:58 - 25 февруари, 2026

Нејзиното лице е сто проценти пластика: Фановите шокирани од изгледот на славната русокоса (ФОТО)

Славната русокоса е на удар на критики дури и од оние најверните фанови.

Гвен Стефани на доделувањата на овогодинешните Греми награди се нашла на удар на критики поради лицето без ниедна брчка на 50 години.

Малку кој не би се согласил дека американската пејачка Гвен Стефани изгледала беспрекорно на доделувањата на овогодинешните Греми награди, каде дошла со сопругот Блејк Шелтон. Сепак, многу фанови забележале големи промени на нејзиното лице.

50-годишната Гвен на црвениот тепих се појавила во минијатурна тоалета и во високи чизми, облеката ја менувала три пати, но најмногу внимание привлекувала со својот неверојатно свеж изглед, без ниедна бркча на лицето, и речиси порцеланскиот тен.

profimedia

Така веднаш се појавиле гласини за тоа дека популарната пејачка во последно време се повеќе оди на естетски зафати за да изгледа помладо, бидејќи тешко дека во своите години би постигнала таков сјај само благодарение на козметика, или добри гени.

Не минало многу време пред на социјалните мрежи да почнат да кружат коментари.

“Боже, што направила Гвен со своето лице?”, прашува еден фан.

“Еј Гвен, престани со пластичните операции и ботоксот на твоето прекрасно лице. Почнуваш да изгледаш како лажна Мадона”, рекол друг обожавател.

“Лицето на Гвен се состои од 99% филери и 1% кожа”, вели една девојка.

“Гвен, што си направила? Срамота”, напишал друг фан.

profimedia

Ова не е прв пат фановите да ја нападнат со негативни коментари поради наводните корекции што кои направила на лицето. Во април минатата година била критикувана поради претераното зголемување на усните и пластичниот изглед, но Гвен тоа одлучно го игнорира и засега во јавноста не се огласила за својот изглед.

profimedia

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....