10:07 - 8 ноември, 2026

„Не беше само еднаш, тој изневерувал две години!“: Јована Јеремиќ раскина со Драган, а еве како зборува за изневерувањето!

Водителката Јована Јеремиќ потврди дека нејзината долгогодишна врска со бизнисменот Драган Станковиќ е завршена. По речиси две години љубов, двојката одлучи да ја заврши својата романса, иако имаа сериозни планови за нивната заедничка иднина.

Позната по своите контроверзни изјави, Јована Јеремиќ често ја интригира публиката, а нејзините ставови за љубовта, неверството и мажите предизвикуваат бројни реакции.

Во една од своите емисии, водителката се осврна на скандалот меѓу Шакира и Жерар Пике, користејќи го како пример за да ја објасни разликата помеѓу „неверство“ и „изневерување“.

– Неверство е кога ќе се извлечеш неказнето, а изневерување е кога се одвива циклично. Тој не ја изневери еднаш и толку, нема бракот да се распадне поради едно неверство, туку тој ја изневерувал две години. Секс можам да простам, но никогаш емоции – рече тогаш Јеремиќ, предизвикувајќи бројни коментари на социјалните мрежи.

Јована истакна дека помладите мажи покажуваат поголемо внимание и страст, тврдејќи дека таа „живеела во заблуда“ сè додека немала искуство со помлади мажи.

– Ми се додворуваат дечковци родени 94-та, а има и помлади. Те окупира 24 часа на ден, тоа е внимание! Мислев дека тоа не постои, но погрешив – рече тогаш Јована, не криејќи дека зад себе имала бурни емотивни искуства.

Да ве потсетиме, според информациите што Јована ги сподели со јавноста, таа ја напуштила вилата на Драган во Бегалица кај Грочка и се вратила во својот стан, со што јасно стави до знаење дека нивната врска дефинитивно е завршена.

Слични објави

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо
Се вчитува....