22:36 - 23 ноември, 2026

Најскапите новогодишни прослави во регионот: Северина и Здравко Чолиќ меѓу најплатените

За новогодишните настапи некои од најпознатите регионални пејачи заработуваат исклучително високи хонорари. Северина годинава за дочекот ќе настапи во Сараево, а за тој настап, како што пишува „Дневни аваз“, ќе заработи околу 800 илјади конвертибилни марки, што е околу 400 илјади евра. Оваа вртоглава сума ќе биде најскапата изведба на регионалната сцена за новогодишната ноќ.

Здравко Чолиќ лани за новогодишниот настап на Страдун во Дубровник заработил дури 130 илјади евра. Оваа висока бројка предизвика различни реакции кај дубровчани.

Дино Мерлин наводно заработил 100.000 евра на забавата во 2020 година во Скопје. Истата година Жељко Јоксимовиќ настапува во Сараево за 75 илјади евра.

Како што пишуваат српските медиуми, Александра Пријовиќ земала хонорар од 100.000 евра за настапот во Белград. Сличен хонорар заработи и Лепа Брена која настапи во Црна Гора. За одбележување е и Саша Матиќ кој во 2022 година за настап во Белград заработил 80 илјади евра.

Минатата година на новогодишниот дочек во Загреб настапија „Лет 3“ и Загрепската филхармонија, а за програмата Туристичкиот одбор издвоил 102.000 евра.

Петар Грашо настапи на дочекот во Порече во 2024 година. Бруто надоместокот изнесувал 70.000 евра плус 30.000 евра за производствени трошоци.

Џибони настапи во Риека Корз, а цената на настапот, која покрај изведувачот и придружните музичари вклучува и комплетна техничка поддршка, односно кадар за звук и осветлување и продукција, изнесувал 74.500 евра.

Во пресрет на 2020 година во Загреб, градската управа искеширала околу 93 илјади евра за изведбата на „Нови фосили“ и „Прљаво казалиште“.

Слични објави

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо

„Живеам на село и не ми е гајле за килограмите“: Индира Радиќ проговори за своето здравје и повлекувањето од сцената

Еспресо

(Фото+видео) Хрватската мис прошета на Мис Универзум во фустан направен од 200 старински миленца

Еспресо

„Ајде да ставиме крај и секој по својот пат“: Мустафа Сандал проговори за Емина Јаховиќ и разговорот што му го променил животот

Еспресо

„Имаме куќа и неколку станови“: Јована Јеремиќ и Тигaр открија каде ќе живеат по свадбата

Еспресо

(Видео) „Ми стоеја кнедли во грлото“: Бојана Скендеровски им посвети песна на децата без родителска грижа

Еспресо
Се вчитува....