11.8 C
Скопје
18:41 - 17 октомври, 2026

„Морав да ѝ објаснам на ќерка ми дека ги сакам мажите и дека нејзината мајка ми е најдобра пријателка“ – Бугарскиот пејач Азис ги руши предрасудите

Бугарскиот пејач Азис, скоро триесет години привлекува внимание со провокативниот изглед.

Неговото вистинско име е Васил Тројанов Бојанов, а откако се појави на јавната сцена, предизвика многу коментари бидејќи се облекуваше како жена и се шминкаше иако носеше брада и се претставуваше како маж.

Овој 47-годишник во детството се соочил со предрасуди поради неговото ромско потекло, но тоа не го спречило да сонува за музичката сцена.

Азис е една од првите јавни личности во Југоисточна Европа која отворено се изјасни како хомосексуалец. Во 2006 година, тој симболично се „ожени“ со маж по име Николај Петров, попознат како Ники Китаеца, што предизвика огромен медиумски интерес и ја подели бугарската јавност. Иако нивниот брак не беше правно признат, чинот имаше огромно симболично значење, станувајќи пионер во борбата за видливост на ЛГБТК+ во регион каде што ваквите теми се сè уште табу.

Но, по „разводот“ тој реши да го промени својот живот од корен, изјаснувајќи се за бисексуалец, па доби ќерка со својата најдобра пријателка и колешка Гала. Подоцна доби уште две деца.

„На почетокот ме прашуваше зошто не ја сакам нејзината мајка, а потоа ѝ објаснив дека ја сакам, но на поинаков начин. Разговарав многу со ќерка ми додека растеше. Тоа беа многу емотивни разговори, ѝ објаснив дека јас имам свој живот, а нејзината мајка има свој. Морав да ѝ објаснам дека ги сакам мажите, но и дека нејзината мајка ми е најдобра пријателка. Ѝ кажав сè за себе, за да не чуе нешто од другите. Мора да имаш отворен однос со своето дете. Детето прво мора да дознае сè од своите родители“, рече Азис во една пригода, пренесе Dnevnik.hr.

Бугарскиот пејач има две ќерки и еден син, а најстарата негова ќерка има 17 години.

 

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....