00:36 - 7 ноември, 2026

Ова е најголемиот страв на Адријана Алачки, вака се бори против него

Адријана Алачки има голем страв за кој прозборе, иако важи за храбра, вредна и упорна жена. Имено, познатата водителка и пејачка се плаши од летање.

Во една прилика, Адријана рече дека во 2019 година имала вкупно 36 лета, но воопшто не ѝ е пријатно да лета. Овој страв, Адријана го надминува со јога и со медитација.

„Не е пријатно кога се лета затоа што авиононот не може да го контролираш, а ние луѓето сакаме да имаме контрола. Исто е и со животните, некои многу ги сакаат, но се плашат. Мислам дека нема човек кој не се плаши од летање барем малку.

Инаку, стравот од летање е мојот единствен страв. За мене велат дека сум најсмирениот човек на светот, а во тоа ми помагаат токму јогата и медитацијата“, рече таа во емисијата „Еден на Еден“ во една прилика.

Новите објави на Адријана на Фејсбук се поврзани со многу патувања кои се најчесто во далечни земји со здружението „Гастромак“, но и со нејзината емисија „Вкусот на традицијата“ каде што таа готви убави традиционални јадења.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....