08:31 - 7 ноември, 2026

Гоце Тодоровски искрено за сопругата Тања: Мислеа дека сум ерген

Гоце Тодоровски искрено проговори за една приказна поврзана со неговата сопруга Тања, но и за времето кога бил во болница. Гостувајќи во поткастот на Стефан Лазаров, легендарниот актер рече:

– Јас сум добитник на најголемото признание, тоа е најголемата награда, „23 октомври“. Три награди се големи, „11 октомври“, „23 октомври“ и „Климент Охридски“ – рече актерот, а потоа ја спомена сопругата.

– Долго време мислеа дека сум ерген, дека не сум женет, а јас многу млад се оженив, на 24 години. Жена ми не ми се налути, знаеше дека никогаш нема да ја оставам.

Луѓе ѝ се јавуваа дома да ѝ кажат дека сум со нив излезен. Сопругата им викаше: „Тој никогаш нема да ме остави, ве лаже, џабе мислите дека ве сака“. Додуша јас сите ги сакав. Не бев вљубен, туку, едноставно ги сакав, инаку не би бил со нив – рече познатиот актер во ова интервју. 

Инаку, специфично за него е што тој го има синот кој исто така се вика како него, Гоце Тодоровски, а неговата ќерка е има руско име, Сашенка.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....