05:21 - 28 ноември, 2026

Мислев дека барам принц, но можеби всушност цело време ми требаше принцеза: Ребел Вилсон ја потврди врската со правничката Рамона

Актерката Ребел Вилсон ги изненади обожавателите признавајќи ја својата врска со правничката и модна претприемачка, Рамона Агрум.

„Во слободното време сум посредник за врски, но беше тешко со Ребел, како што беше и со Рамон“, рече актерот и пејач Хју Шеридан, кој всушност ги поврзал Ребел и Рамона за The Morning Crew на 2Day FM.

-Бев во Њујорк и штотуку раскинав со моето момче кога Ребел ми рече: „Не можам да замислам колку си тажен сега. Јас всушност икогаш не сум била навистина заљубена – му рекла Ребел, а тој цврсто одлучил на својата најдобра пријателка да ѝ најде љубов. Потоа му текнало на Рамона.

„Мислам дека на секоја успешна жена ѝ треба силен маж, но помислив и дека две успешни жени можат да се надополнуваат една со друга. Потоа и го кажав тоа на Ребел и тие разговараа една недела додека таа не се врати од Австралија. Потоа се сретнаа и оттогаш се заедно“, открива Шеридан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Sheridan (@hugh_sheridan)

Шеридан објави и неколку фотографии од Ребел и Рамон на Инстаграм, пофалувајќи се дека е вистински Купидон.

„Мислев дека барам принц од Дизни, но можеби всушност цело време ми требаше принцеза од Дизни“, напиша актерката на Инстаграм, предизвикувајќи лавина позитивни реакции и коментари на поддршка.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....