24.8 C
Скопје
09:52 - 11 септември, 2026

Меган Маркл сака да го види болниот татко, но без други членови на семејството

Ова не се лесни часови за Меган Маркл: неколку дена пред прославата на јубилејот на кралицата, таа мора да се справи со сериозен здравствен проблем на член на нејзиното семејство.

Сериозен здравствен проблем се заканува да ја намали радоста на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета. Веста дојде како гром од ведро небо и се однесува на личност во минатото многу блиска со Меган Маркл, но со текот на времето се оддалечуваше толку многу што денес тие двајца не зборуваат еден со друг и немаат контакт. Станува збор за таткото Томас кој доживеал мозочен удар кој барал итна хоспитализација.

Сопругата на принцот Хари не разговарала со нејзиниот татко четири години, но оваа ситуација може да ги промени работите. Неколку дена по мозочниот удар Томас Маркл ја напушти болницата и според откритијата на Дејли мејл кои ги следат перипетиите на Томас и неговата врска со ќерката долго време, оваа ситуација би можела да ги доведе до ново зближување, или барем најмалку до средба на таткото и ќерката.

Дали е на повидок помирување, фото – Фејсбук

Во последните недели Томас Маркл ја изрази својата намера да отпатува во Англија по повод јубилејот на Нејзиното Височество, одлука која многумина ја сметаат за несоодветна, но мозочниот удар што го погоди можеби неизбежно ги промени неговите планови. За сега се очекуваат резултати за да се открие дали ударот ќе остави негативни последици, зашто веќе е лишен од способноста да зборува, но допрва треба да покажат резултатите дали е тоа провремено или засекогаш.

По излегувањето од болница, Томас ја напиша следнава порака: „Бев длабоко трогнат од љубовните пораки што ги добив од целиот свет. Не можам да зборувам во моментов, но работам напорно, и соодветно ќе им се заблагодарам на луѓето кога ќе можам да о направам тоа. Сакав да дојдам во Лондон и да и оддадам почит на кралицата. Ви посакувам среќен јубилеј за многу години“.

„Меган би сакала да најде начин да контактира со нејзиниот татко но приватно, без другите членови на семејството да знаат или да бидат вклучени во средбата“. Фото – фејзбук

Тешкиот мозочен удар бил предизвикан од згрутчување на крвта на десната страна од мозокот на г-дин Маркл. Тој буил веднаш сместен во болницата во Сан Диего, на три часа возење од домот каде живеат Меган и Хари. Ако неговата состојба се влоши, самото присуство на Меган на прославите на јубилејот на кралицата може да се доведе во прашање. Таа, нејзиниот сопруг и децата ќе патуваат во Велика Британија во текот на неделата, но очигледно Меган постојано размислува за нејзиниот татко и би сакала да стапи во контакт со него. Извор за американските таблоиди, рече: „И покрај нивната отуѓеност, Меган е загрижена“.

Според изворот, „Меган би сакала да најде начин да контактира со нејзиниот татко но приватно, без другите членови на семејството да знаат или да бидат вклучени во средбата“. А сака и да ги избегне папараците и медиумите. Но, Меган е загрижена дека контактирањето со нејзиниот татко ќе значи дека ќе мора да комуницира и со нејзините полубраќа Томас Џуниор (55) и Саманта. Сем (57), која поднесе тужба за клевета против Меган, остана дома на Флорида, но наскоро може да му се придружи на својот татко, додека Томас Џуниор веќе е постојано со него.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.
Се вчитува....